Прејди на содржината

Качанички срез: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Качанички срез''' — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија, ФНРЈ и СФРЈ. == Организација и население == === Кралство Србија === После Втората балканска војна, 1913 г. обла...
(нема разлика)

Преработка од 00:16, 24 јануари 2024

Качанички срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија, ФНРЈ и СФРЈ.

Организација и население

Кралство Србија

После Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Качаничкиот срез припаѓал на Скопскиот округ, заедно со Велешкиот и Скопскиот срез. Како центар на срезот бил гратчето Качаник. Во 1913 година тој има 4 општини, со 28 села, 4 селца, едено гратче, без манастири. Градското населние изнесувало 1.236, додека селското население изнесувало 7.058 жители.[1]

     Скопски срез во рамките на Кралството Србија 1913.
Качаничкиот срез според пописот од 1913 година
Број Име на

општината

Број

на села

Колку часови е оддалечена

општината од Качаник

Жители
1 Генерал Јанковиќ 6 2:15 1039
2 Качаничка 9 0:15 3343
3 Слатинска 11 2:15 2394
4 Старо-качаничка 5 1:45 1518

Кралство СХС

Во 1921 година, срезот исто така имал 4 општини и еден град. Општината Качаник имала 4.102 жители, а качаничката околина имала 6.625 жители.

Јазик

Во срезот Качаник 97% од населението говорело арнаутски[2], додека 2% српски или хрватски[3].[4]

Јазици 1921 година
Јазик Општина

Генерал Јанковиќ

Општина

Качаник

Општина

Слатина

Општина

Стар Качаник

Вкупно %
Арнаутски 3062 3986 2216 1202 10446 97.56
Српски или хрватски 85 106 12 44 247 2.30
Други 4 10 0 0 14 0.14

Религија

Во срезот Качаник 38% биле муслимани, додека 2% од населението било православно.[5]

Религија 1921 година
Религија Општина

Генерал Јанковиќ

Општина

Качаник

Општина

Слатина

Општина

Стар Качаник

Вкупно %
Православни 85 112 12 42 251 2.33
Муслимани 3066 3988 2216 1204 10474 97.64
Други 0 2 0 0 2 0.03

Кралство Југославија

Во 1931 година, качаничкиот срез имал 3 општини. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното население било 12.466. Како православни се изјасниле 5% од жителите, додека како муслимани 94%.[6]

6% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], додека 93% говореле на арнаутски[2].

Во ФНРЈ и СФРЈ

Попис 1953 [8]
Општини Вкупно Срби Хрвати Словенци Македонци Црногорци Југословени Шиптари[9] Турци Други словени Други несловени
Качаник 6708 84 3 0 11 4 14 4890 1700 1 1
Стар Качаник 1717 398 0 0 0 10 5 1067 237 0 0
Иваја 2423 0 0 0 0 0 6 2206 211 0 0
Генерал Јанковиќ 3722 191 16 5 44 10 5 3216 220 2 13
Вкупно Качаничко 14570 673 19 5 55 24 30 11379 2368 3 14
% 100 4.62 0.13 0.03 0.38 0.16 0.21 78.10 16.25 0.02 0.10

Наводи

  1. Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
  2. 2,0 2,1 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
  3. Македонскиот јазик бил сметан за српски.
  4. „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
  5. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  6. http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
  7. Во иста графа.
  8. „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по општини, 1953 година“.
  9. Албанците биле забележани како Шиптари.