Прејди на содржината

Нуклеарната енергија како обновлива енергија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадено преведувајќи ја страницата „Nuclear power proposed as renewable energy
(нема разлика)

Преработка од 19:50, 27 јуни 2024

Прашањето за нуклеарната енергија како обновлива енергија е тековна тема на дебата. Законските дефиниции за обновлива енергија вообичаено исклучуваат многу присутни технологии за нуклеарна енергија, со исклучок на државата Јута.[1] Дефинициите за технологиите на обновливи извори на енергија од речник честопати испуштаат или експлицитно исклучуваат споменување на нуклеарна енергија, со исклучок направен за природното нуклеарно распаѓање на топлината што се создава во Земјата.[2][3]

Највообичаеното гориво што се користи во атомски централи, ураниум-235 е необновливо според Управата за енергетски информации, организацијата се уште нема класификација за рециклирано гориво од мешани нуклеарни состојки.[3] Националната лабораторија за обновлива енергија не ја споменува нуклеарната енергија во својата дефиниција за „основи за енергија“.[4]

Во 1987 година, Брунтландската комисија ги класифицирала атомските централи кои произведуваат повеќе нуклеарно гориво отколку што трошат како обновливи извори на енергија, како што се сончевата енергија и хидроенергијата.[5] Мониторингот и складирањето на радиоактивен отпад е исто така потребен при користење на други обновливи извори на енергија, како што е геотермалната енергија.[6]

Дефиниции за обновлива енергија

Обновлива енергија вклучува природни феномени, кои со исклучок на плимна енергија, во главно се основани на енергија од сонцето или од геотермалната енергија, која е топлина добиена во најголем дел во земјата од распаѓање на радиоактивни изотопи.[7]

Обновливите извори на енергија постојат на широки географски области, за разлика од другите извори на енергија, кои се концентрирани во ограничен број земји.[7]

Во ISO 13602-1:2002, обновливиот ресурс е дефиниран како „природен ресурс за кој соодносот на неговото создавање е еднаково или поголемо од неговото користење во “.

Конвенционална фисија, реактори како обновливи извори

Реакторите на нуклеарна фисија се природен енергетски феномен, кој сам се формирал на земјата во минатото, како природен реактор на нуклеарна фисија, кој работел илјадници години во денешен Окло Габон, кој што бил откриен во 1970-те. Работел неколку стотици илјади години, со просек на 100 кило вати топлинска моќ во тоа време.[8][9]

Стандардните, нуклеарни реактори на фисија од човеково потекло во главно користат ураниум како гориво, достапен метал кој се наоѓа во морска вода и во рудници низ целиот свет.[10] Користениот ураниум-235 во реакторите, без користење на рециклирање, е необновлив материјал и ако се користи со сегашните стапки трајно би се дотрошил во некој момент.

Модел на вториот најмоќен реактор кој произведува повење нуклеарно гориво од што користи, кој моментално сé уште се користи.

Како што геотермална енергија е форма на енергија добиена од природното нуклеарно распаѓање на големото, но сепак ограничено присуство на ураниум, ториум и калиум-40 присутни во Земјината кора, и поради процесот на нуклеарно распаѓање, овој обновлив извор на енергија, исто така, во некој момент ќе снема гориво.[11][12]

Реактори кои што произведуваат повеќе нуклеарно гориво од што трошат имаат посигурен случај да се сметаат како обновлив извор од вообичаените реактори за фисија. Овие така наречени размножувачки реактори постојано ќе го надополнуваат нуклеарното гориво преку изработка на материјали како ураниум-238 и ториум, во нуклеарни изотопи на плутониум или ураниум-233, соодветно. Овие материјали се исто така необновливи, но нивното присуство на Земјата е исклучително големо, со временска рамка за снабдување поголема од геотермалната енергија. Во затворен циклус на нуклеарно гориво што користи размножувачки реактори, нуклеарното гориво може да се смета за обновливо.

Во 1983 година, физичарот Бернард Коен тврдел дека размножувачките реактори, со гориво исклучиво од природен ураниум извлечен од морската вода, можело да произведуваат енергија за најмалце до очекуваниот преостанат животен век на сонцето од пет милијарди години.[13] Ова било засновано на пресметките според кои половина од вкупниот ураниум во Земјината кора со годишна стапка на употреба од 6500 тони/годишно, што беше доволно за да се произведе приближно 10 пати повеќе од светската потрошувачка на електрична енергија од 1983 година, и ќе ја намали концентрацијата на ураниум во морињата за 25%, што ќе резултира со зголемување на цената на ураниумот за помалку од 25%.[13][14]

Напредоци во Националната лабораторија Оук Риџ и Универзитетот на Алабама, објавени во изданието на Американското хемиско здружение во 2012 година, имало напредок во екстракција на ураниум од морската вода се фокус на зголемување на биоразградливоста на употребените материјали, намалувајќи ја предвидената цена на металот доколку е извлечен од морето во индустриски размери.[15][16][17][18][19][20] Почнувајќи од 2013 година, само неколку килограми ураниум биле извлечени од океанот во пробна програма.[21][22][23][24]

Во 1987 година, Светската комисија за животна средина и развој, организација независна од, но создадена од Обединетите нации, ја напомениле нуклеарната физија користејќи размножувачки реактор и нуклеарната фузија како обновливи. И двете се класифицирани во истата категорија како конвенционалните обновливи извори на енергија, како што се соларната и хидроенергија.[5]

Од 2022 година, само 2 рамножувачки реактори произведуваат индустриско количество електрична енергија.

Исто така види

  1. Utah House Bill 430, Session 198
  2. „Renewable energy: Definitions from Dictionary.com“. Dictionary.com website. Lexico Publishing Group, LLC. Посетено на 2007-08-25.
  3. 3,0 3,1 „Renewable and Alternative Fuels Basics 101“. Energy Information Administration. Посетено на 2007-12-17.
  4. „Renewable Energy Basics“. National Renewable Energy Laboratory. Архивирано од изворникот на 2008-01-11. Посетено на 2007-12-17.
  5. 5,0 5,1 Brundtland, Gro Harlem (20 March 1987). „Chapter 7: Energy: Choices for Environment and Development“. Our Common Future: Report of the World Commission on Environment and Development. Oslo. Посетено на 27 March 2013. Today's primary sources of energy are mainly non-renewable: natural gas, oil, coal, peat, and conventional nuclear power. There are also renewable sources, including wood, plants, dung, falling water, geothermal sources, solar, tidal, wind, and wave energy, as well as human and animal muscle-power. Nuclear reactors that produce their own fuel ('breeders') and eventually fusion reactors are also in this category Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Brundtland“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. http://www.epa.gov/radiation/tenorm/geothermal.html Geothermal Energy Production Waste.
  7. 7,0 7,1 IEA Renewable Energy Working Party (2002). Renewable Energy... into the mainstream, p. 9.
  8. Meshik, A. P. (November 2005). „The Workings of an Ancient Nuclear Reactor“. Scientific American. 293 (5): 82–6, 88, 90–1. Bibcode:2005SciAm.293e..82M. doi:10.1038/scientificamerican1105-82. PMID 16318030.
  9. Gauthier-Lafaye, F.; Holliger, P.; Blanc, P.-L. (1996). „Natural fission reactors in the Franceville Basin, Gabon: a review of the conditions and results of a "critical event" in a geologic system“. Geochimica et Cosmochimica Acta. 60 (25): 4831–4852. Bibcode:1996GeCoA..60.4831G. doi:10.1016/S0016-7037(96)00245-1.
  10. „Nuclear - Energy Explained, Your Guide to Understanding Energy - Energy Information Administration“.
  11. The end of the Sun
  12. Earth Won't Die as Soon as Thought
  13. 13,0 13,1 Cohen, Bernard L. (January 1983). „Breeder reactors: A renewable energy source“ (PDF). American Journal of Physics. 51 (1): 75–76. Bibcode:1983AmJPh..51...75C. doi:10.1119/1.13440. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-09-26. Посетено на 2007-08-03.
  14. McCarthy, John (1996-02-12). „Facts from Cohen and others“. Progress and its Sustainability. Stanford. Архивирано од изворникот на 2007-04-10. Посетено на 2007-08-03.
  15. „Nanofibers Extract Uranium from Seawater Hidden within the oceans, scientists have found a possible way to power nuclear reactors long after uranium mines dry up“. Scientific American.
  16. „abstracts from papers for the ACS Extraction of Uranium from Seawater conference“.
  17. „Advances in decades-old dream of mining seawater for uranium“.
  18. „Shrimp 30,000 volts help UA start up land 1.5 million for uranium extraction. 2014“.
  19. Details of the Japanese experiments with Amidoxime circa 2008, Archive.org
  20. Confirming Cost Estimations of Uranium Collection from Seawater, from Braid type Adsorbent. 2006 Архивирано на {{{2}}}.
  21. „The current state of promising research into extraction of uranium from seawater — Utilization of Japan's plentiful seas“.
  22. Development of a Kelp-Type Structure Module in a Coastal Ocean Model to Assess the Hydrodynamic Impact of Seawater Uranium Extraction Technology. Wang et al. J. Mar. Sci. Eng. 2014, 2(1), 81-92; doi:10.3390/jmse2010081
  23. Uranium Seawater Extraction Makes Nuclear Power Completely Renewable. Forbes. James Conca. July 2016
  24. April 20, 2016 Volume 55, Issue 15 Pages 4101-4362 In this issue:Uranium in Seawater

Наводи