Прејди на содржината

Јастребник: Разлика помеѓу преработките

Координати: 41°59′29″N 22°24′31″E / 41.99139° СГШ; 22.40861° ИГД / 41.99139; 22.40861
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
обновување
сНема опис на уредувањето
 
(Не се прикажани 2 меѓувремени преработки од истиот корисник)
Ред 20: Ред 20:


'''Јастребник''' — село во [[Општина Кочани]], во областа [[Осоговија]], во околината на градот [[Кочани]].
'''Јастребник''' — село во [[Општина Кочани]], во областа [[Осоговија]], во околината на градот [[Кочани]].

Атарот на селото се простира до туристичкото место [[Пониква]] на [[Осоговски Планини|Осоговските Планини]], како и спортското [[Помошна писта Пониква|леталиште „Пониква“]].


== Потекло и значење на името ==
== Потекло и значење на името ==
Ред 126: Ред 128:


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==

;Археолошко наоѓалишта<ref name="АрхеоКарта">{{АрхеоКарта|175}}</ref>
* [[Градиште (Јастребник)|Градиште]] — градиште од доцноантичкото време; и
* [[Калуѓерица (Јастребник)|Калуѓерица]] — некропола од римското време.


;Цркви
;Цркви
Ред 135: Ред 141:
;Манастири
;Манастири
* [[Јастребнички манастир]] — новоизграден манастир
* [[Јастребнички манастир]] — новоизграден манастир

;Реки<ref name="РекиМак">{{РекиМак|страница=17}}</ref>
* [[Велика Река (Осогово)|Голема Река]] — река источно од селото


;Стари дрвја
;Стари дрвја
Ред 148: Ред 157:
;Родени во или по потекло од Јастребник
;Родени во или по потекло од Јастребник
== Култура и спорт ==-->
== Култура и спорт ==-->

== Галерија ==
== Галерија ==


Ред 159: Ред 169:
== Поврзано ==
== Поврзано ==
* [[Општина Кочани]]
* [[Општина Кочани]]
* [[Осоговија]]
* [[Кочанска Котлина]]


== Наводи ==
== Наводи ==

Последна преработка од 20:02, 23 октомври 2024

Јастребник

Поглед на маалото Падина во селото Јастребник

Јастребник во рамките на Македонија
Јастребник
Местоположба на Јастребник во Македонија
Јастребник на карта

Карта

Координати 41°59′29″N 22°24′31″E / 41.99139° СГШ; 22.40861° ИГД / 41.99139; 22.40861
Регион  Источен
Општина  Кочани
Област Осоговија
Население 11 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13016
Надм. вис. 950 м
Јастребник на општинската карта

Атарот на Јастребник во рамките на општината
Јастребник на Ризницата

Јастребник — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Атарот на селото се простира до туристичкото место Пониква на Осоговските Планини, како и спортското леталиште „Пониква“.

Потекло и значење на името

[уреди | уреди извор]
Воздушен поглед на Староселско Маало со новоизградената црква „Св. Илија“

Името на селото првпат е забележано во средниот век (1337 г.) како Јастребница. Името се поврзува со птицата јастреб, а со додавката -ник означува дека тоа било место каде имало многу јастреби.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северниот дел на Општина Кочани, во средното сливно подрачје на Кочанска Река.[3] Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 960 до 1.040 метри. Од градот Кочани, селото е оддалечено 14 километри.[3]

До селото води земјен пат, кој како локален асфалтен пат завршува неколку стотина метри по езерото Гратче.

Селото се наоѓа на јужните падини на планината Осогово во сливот на Кочанска Река. Околни села се Лешки, Горно Гратче и други. Водата за пиење се добива од извори во самото село и на атарот околу него. Попознати чешми и извори се: Студена Вода, Долномаалска Чешма, Староселска Чешма, Маринкова Чешма, Рајетински Кладенец и Цемеровска Чешма. Во минатото, Чорбаџиско Маало оскудевало со вода.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Дреново Брдо, Јеловарник, Пшеница, Просија, Златанова Нива, Козарска Ридина, Богородичка Нива, Нова Бука, Мечка Рид, Бандера, Копиште или Дабје, Петрева Нива, Огорелица, Забел, Орлак, Кула, Говедарник, Барица, Голем Чукар, Дупки, Песоци, Калуѓерица, Јачмениште, Одаја, Преслопи, Блага Јабука, Шопска Нива, Вирови, Гроб, Побијен Камен, Ковчегар, Градена Нива, Перовина, Серафимов Рид, Лозје, Гробишта, Милевска Чука, Габер, Марин Присој и Беговиште.[4]

Селото има разбиен тип, поделено на маала наречени Падина, Цемревско, Староселско, Чорбаџиско, Чурилек и Рајатско Маало.[4] Сепак, според други извори селото има 9 маала и тоа: Чорбаџии, Старо Село, Кржалии, Горно Маало, Долно Маало, Падини, Горни Чуриљак, Долни Чуриљак и Семревец.

До 1960 година, во селото има три селски гробишта: по едно во маалата Чурилек, Старо Село и Цемровец.[4]

Историја

[уреди | уреди извор]
Поглед на северната граница на атарот на селото со соседното село Полаки

Во среден век постоело пусто селиште Јастребница, кое било во сопственост на црквата „Св. Димитриј“ од градот Кочани. Јован Оливер во 1337 година го пратил својот човек, Гркот Тодор, да се насели на тоа селиште. Овој запис веројатно се однесува на селиштето кое постоело на местото на денешното село Јастребник.[4]

Остатоците од старини исто така наведуваат дека на местото на Јастребник имало жители уште во далечното минато. Такви старини се наоѓаат на месностите Кула и Црквиште. Кула се наоѓа покрај Чорбаџиско Маало, над долината на Голема Река, каде најверојатно се наоѓала тврдина. На Кула селаните ископувале ќупови, делкани камења и ќерамиди. Црквиште се наоѓа во маалото Падина, каде се познаваат остатоци од некоја стара црква. На тоа место, селаните се собираат за Духовден, додека на Спасовден селаните се собираат во Староселско Маало, каде се наоѓа камен крст (месност Забел). Остатоци од старини биле наоѓани и во самото Чорбаџиско Маало, како и на месноста Дреново Брдо, каде имало керамика и пари.[4]

Денешното село не е многу старо. Било основано околу 1760 година од предци на некои од денешните македонски родови. Кога тие дошле тука, сѐ било пустелија.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот на селото има средна големина и зафаќа простор од 20 километри квадратни. На него преовладуваат шумите на површина од 863 хектари, на пасиштата отпаѓаат 767 хектари, додека на обработливото земјиште 220 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[3]

Делови од атарот на Јастребник биле во сопственост на кочанските Турци и само мештаните на родот Рајати имале своја земја.[4]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948396—    
1953444+12.1%
1961401−9.7%
1971341−15.0%
1981168−50.7%
ГодинаНас.±%
199186−48.8%
199466−23.3%
200248−27.3%
202111−77.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јастребник живееле 210 жители, сите Македонци.[5]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јастребник имало 264 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]

Од Јастребник се иселил значителен број од неговото население. Така, во 1961 година селото броело 401 жител, а во 1994 година само 66 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, селото имало 48 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 210 264 396 444 401 341 168 86 66 48 11
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Јастребник е македонско православно село.[4]

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото:

  • Доселеници: Долномалци (8 к.), живеат во маалото Падина, најстар род во селото. Доселени се пред околу 260 години, однекаде; Староселци или Славковци (7 к.), доселени се од селото Припечани кај Штип. Го знаат следното родословие: Глигор (жив на 51г. во 1960 година) Димитрија-Филип-Анѓелко-Славко, предокот кој се доселил; Чорбаџици (6 к.), доселени се од селото Драмче кај Делчево. Го знаат следното родословие: Велко (жив на 54г. во 1960 година) Јован-Стојко-Ангел-Велко-Јанко, се доселил неговиот татко; Цемревци (10 к.), Падинчани (7 к.), Чурилци (6 к.), Рајати/Реети (5 к.) и Горномалци (5 к.), доселени се однекаде.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

По 1924 година, од селото се иселило околу 35 домаќинства од скоро сите денешни родови. По околу 10 домаќинства заминале во Кочани, Облешево и Бања. Околу 5 домаќинства заминале во Мородвис.[4]

Трифуноски при своето истражување од 1960 година ги забележал и следниве иселени родови: во Бања (Ѓорѓиови, 3 к.; Петрови, 2 к.; Анѓелови, 2 к.; Зафирови, 2 к.; Доневи, 1 к. и Стојчеви, 1 к.), во Црвена Нива (Ѓорѓеви, 3 к.), во Лешки (Велкови, 3 к.), во Облешево (Јастребничани, 11 к.) и во Мојанци живеат две домаќинства од Јастребник.[4]

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Поранешното основно училиште, денес адаптирано во Центар за валоризација на културното наследство
  • Поранешно основно училиште, кое било претворено во Центар за валоризација на културното наследство

Ова било проект на италијанската влада и градот Кочани, кој чинел 33.000 евра и се реализирал во период од 10 месеци. Основната идеја било да се создаде пункт во кој ќе бидат претставени сегменти од материјалното и културно наследство од Осоговскиот крај. Центарот има уште две функции - да биде појдовно место на посетителите и туристите кои ќе пешачат по веќе трасираната планинарска патека што води кон Пониква и во исто време да биде појдовна точка за развој на селскиот туризам во овој крај.[13] Во посебната збирка на центарот изложени се стари предмети од дрво, глина и метал, како и машки и женски носии, постари и по стотина години.[14]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Јастребник било село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кочани, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кочани.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кочани. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Полаки, во која покрај селото Јастребник се наоѓале селата Вранинци, Главовица, Горно Гратче, Долно Гратче, Костин Дол, Небојани, Ново Село, Полаки, Припор, Речани и Црвена Нива. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Долно Гратче, во која влегувале селата Горно Гратче Долно Гратче, Јастребник, Лешки и Припор.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 0868 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 21 гласач.[17]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошко наоѓалишта[18]
Цркви
Манастири
Реки[19]
Стари дрвја

Во селото Јастребник, поточно во неговото маало Чуриљак има воден габер - дрво старо повеќе од 5 века.[20] Дрвото има пречник од 2,5 метри, со обем околу 6 метри. Местото каде што изникнал габерот е долче од кое подолу настанува Мала Река, која заедно со Голема Река се влеваат во акумулацијата Гратче и ја создаваат Крива или Кочанска Река. Под неговиот корен извира вода, а селаните одамна направиле покриен кладенец од кој црпеле студена планинска вода. Целата околина на дрвото е богато со вода, а уште од дамнина овде се напојувала и стоката во селото. Дрвото сè уште е живо, иако постепено се суши, особено подолните гранки. Сепак, над 80% од стеблото и понатаму е витално и со својата огромна крошна фрла дебела сенка на местото каде стои со стотици години.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 101.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 140. Посетено на 21 октомври 2024.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 64-66. OCLC 16745284.
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 23 октомври 2024.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Пуштен во употреба туристички центар во село Јастребник, кочанско“. IDIVIDI. Посетено на 2024-10-23.
  14. Во кочанското село Јастребник изложена етнолошка збирка од Осоговијата[мртва врска] -МИА
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 23 октомври 2024.
  18. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 175. ISBN 9989-649-28-6.
  19. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 17. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  20. „За водниот габер стар над 5 века“. Архивирано од изворникот на 2008-07-16. Посетено на 2008-05-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]