Прејди на содржината

Либерално-демократска партија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Менува Категорија:Македонски политички партии
с r2.6.5) (Бот Додава: it:Partito Liberal-Democratico (Macedonia)
Ред 27: Ред 27:
[[en:Liberal Democratic Party (Republic of Macedonia)]]
[[en:Liberal Democratic Party (Republic of Macedonia)]]
[[fr:Parti libéral-démocrate (Macédoine)]]
[[fr:Parti libéral-démocrate (Macédoine)]]
[[it:Partito Liberal-Democratico (Macedonia)]]
[[ru:Либерально-демократическая партия (Македония)]]
[[ru:Либерально-демократическая партия (Македония)]]
[[sv:Liberalno-Demokratska Partija]]
[[sv:Liberalno-Demokratska Partija]]

Преработка од 20:34, 11 март 2011

Либерално демократската партија е партија со либерална ориентација. Таа е правен наследник на Демократската и Либералната партија, кои на 19 април 1997 се обединија, формирајќи ја ЛДП. За прв претседател на ЛДП е избран Петар Гошев, дотогашниот претседател на Демократската партија. ЛДП е полноправна членка на Либералната Интернационала.

На парламентарните избори 1998 година ЛДП настапи во коалиција со Демократската партија на Македонија (ДПМ) од Тетово. На овие избори ЛДП освои 79.000 гласови (4 пратенички мандати). За пратеници беа избрани: Петар Гошев, Стојан Андов, Латиф Пајковски и Слободан Даневски. На Првиот конгрес на ЛДП во пролетта 1999, а по неуспехот на парламентарните избори 1998, Петар Гошев се повлече од претседателската функција. За нов претседател е избран Ристо Пенов, дотогашен потпретседател на партијата.

Во 1999 во текот на Kосовската војна, ЛДП влезе во Владата на Република Македонија. За член на Владата, како министер без ресор, беше избран Радован Стојкоски. Како помошник министер за развој беше избрана Лилјана Поповска. По завршувањето на Kосовската војна, ЛДП се повлече од Владата.

На претседателските избори во 1999 година ЛДП учествуваше со свој кандидат, Стојан Андов. Тој на овие избори освои 112.000 гласови и не успеа да се пласира во вториот круг.

На почетокот на 2000 дел од припадниците на поранешната Либерална партија на чело со Стојан Андов (и со пратениците Пајковски и Даневски) ја напушти ЛДП и ја формира Либералната партија на Македонија. Истата година, на Локалните избори 2000 година ЛДП настапи како дел од коалицијата За Македонија заедно, во која членуваа и СДСМ, СПМ и Лигата за демократија.

Во коалиција со СДСМ, ЛДП учествуваше на парламентарните избори 2002 година, освојувајќи 13 пратенички места и влегувајќи во новата влада со 4 министри.

Во 2005 година ЛДП доживеа уште едно отцепување. Лилјана Поповска ја напушти партијата и формира своја партија, Демократска обнова на Македонија.

На парламентарните избори во 2006 година, ЛДП повторно настапи во коалиција со СДСМ и освои 5 пратенички мандати. Претседателот на партијата, Ристо Пенов, најави повлекување од лидерската позиција, по што, на 11 февруари 2007 година за нов претседател на Партијата е избран Јован Манасијевски.

Надворешни врски