Прејди на содржината

Ичко Бојчев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28: Ред 28:


=== Поствоен период ===
=== Поствоен период ===

Веднаш по Солунското примирје од 29 септември 1918 година и втора бугарска национална катастрофа, Ичко Бојчев се прибира во [[Горна Џумаја]]. Таму на 5 октомври е назначен за горноџумсјки околиски началник, каде подоцна не дозволува во градот да се утврдат сенегалски окупаторски сили. Ичко Бојчев станува член на локалното раководство на новоформираната [[Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)|Внатрешна македонска револуционерна организација]] од [[Тодор Александров]].

== Наводи ==
== Наводи ==
<references/>
<references/>

Преработка од 14:52, 19 септември 2011

Ичко Бојчев
Роден 1822
Гуменџе, Егејска Македонија, денес Грција
Починал 17 јануари 1960
Благоевград, Пиринска Македонија, Бугарија

Ичко Бојчев, бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација.

Биографија

Македонска револуционерна организација

Ичко Бојчев е роден во 1882 година во гратчето Гуменџе, тогаш во Османлиската империја (денес Гумениса, Грција) во семејството на земјоделците Лина и Димо Бојчеви. На 12 години останува сирак и израснал во сиромаштија. Во 1894 година завршува основното училиште во Гуменџе, а потоа се пресели во Солунската машка гимназија, кадеизучува георграфија и историја. Таму се вклучува прво во тајните кружоци, а потоа и во Македонската револуционерна организација.

Струмичка чета на Христо Чернопеев (во средината) и Ичко Боjчев (лево на Чернопеев)

Во Илинденското востание учествува во четата на Апостол Петков. По задушување на востанието Ичко се префрла во Кукушката чета, предводена од Христо Чернопеев. Ичко Бојчев учествува во бомбашкиот напад на железничкиот мост во селото Аматово во септември 1904 година. По востанието Бојчев останува надвор од раздорот кој настанал во Револуционерната организација. На 29 јули 1905 година е делегат на седницата на првиот (редовен) конгрес на Серскиот револуционерен округ во месноста Белемето, а во средината на август 1905 година е избран за горноџумајски војвода, делува на левиот брег на Струма, додека Петар Китанов дејствува на десната страна [1]. Како околиски војвода Ичко Боjчев води голем број борби со турскиот аскер и башибозук. Четата на Ичко е предадена заедно со онаа на Јане Сандански кај село Марулево од еден цинцар. По престрелка со аскерот во текот на ноќта успеваат да се извлечат. Ичко Бојчев често се префрла во Бугарија, како често ликвидира турски разбојници на нејзината територија, за да не предизвикува турските власти во Горноџумајско. Ги подобрува каналите на Организацијата и привлекува во нејзините редовите многу работници. Бојчев останува горноџумајски војвода до Младотурската револуција од 1908 година, кога ВМОРО се легализира.

Четите на Петар Китанов и Ичко во текот на Хуриетот

Во 1908 година Ичко Бојчев се легализира заедно со Александар Бујнов, Димо Хаџи Димов и Јане Сандански, кој подоцна станал негов кум. Во пролетта 1910 година се жени за богата девојка од Горна Џумаја Александра, која му раѓа 4 деца: Виктор, Бојчо, Венета и Елисавета. Ичко Бојчев е назначен за административен раководител (мудир) на Кресненската нахија, но во мај 1911 година, откако односите со младотурците се влошуваат, формира повторно четата и минува во илегала.

Низ војните

На 7 октомври 1912 година, откако Балканскиот сојуз и објавил војна на Турција, четата на Ичко Бојчев заедно со војници од Седмата пешадиска рилска дивизија ја ослободува Горна Џумаја. На 10 октомври го зазема кресненско дефиле со 64 четници и околу 100 волонтери и два дена ги задржува турските сили. По пристигнувањето на Седмата дивизија биле одбиени турските сили и било ослободено цело Пиринско.

Во Втората балканска воjна, Ичко со четата, во составот на Македонско-одринското ополчение, дава борби на српските сили кај Султан тепе - Кочанско и кај месноста Говедарци, во близина на селото Каменица.

По војната, Ичко Бојчев е испратен од Христо Чернопеев во Малешевско, на крајот на 1914 година е во Тиквешко, а во летото 1915 година влегува во Битолскиот револуционерен округ. Насекаде тој дава борби на српските вооружени сили. Во Првата светска војна, Ичко Бојчев се вклучува во т.н 11-та македонска дивизија и се стекнува со подофицерски чин. Учествува во борбите против војските на Антантата во Криволак, Гевгелија, Дојран, при Битола во битка кај свиокот на Црна и други, на крајот на војната во септември 1918 година ја заштитува родната земја при прбивот кај Добро поле.

Поствоен период

Веднаш по Солунското примирје од 29 септември 1918 година и втора бугарска национална катастрофа, Ичко Бојчев се прибира во Горна Џумаја. Таму на 5 октомври е назначен за горноџумсјки околиски началник, каде подоцна не дозволува во градот да се утврдат сенегалски окупаторски сили. Ичко Бојчев станува член на локалното раководство на новоформираната Внатрешна македонска револуционерна организација од Тодор Александров.

Наводи

  1. Драгомиров, Васил. Спомени, в: Борбите в Македония, Звезди, София, 2005, стр. 186.