Бајрампаша: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Нема опис на уредувањето |
|||
Ред 67: | Ред 67: | ||
{{Населби во Истанбул}} |
{{Населби во Истанбул}} |
||
[[Категорија:Населени места во покраината Истанбул]] |
[[Категорија:Населени места во покраината Истанбул]] |
||
[[Категорија: |
[[Категорија:Окрузи во Истанбул]] |
||
[[Категорија:Бајрампаша| ]] |
[[Категорија:Бајрампаша| ]] |
Преработка од 14:50, 28 јули 2019
Бајрампаша | |
---|---|
Област | |
Местоположба во Истанбул | |
Земја | Турција |
Град | Истанбул |
Управа | |
• Градоначалник | Атила Ајдинер |
• Управител | Абдулкадир Јазиџи |
Површина[1] | |
• District | 6,98 км2 (269 ми2) |
Надм. вис. | 17 м |
Население (2012)[2] | |
• Градскo | 269.774 |
• District | 269.774 |
• District густина | 390/км2 (1,000/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Повик. бр. | 0-212 |
Мреж. место | bayrampasa.bel.tr bayrampasa.gov.tr |
Бајрампаша — приградска област на Истанбул, Турција на европската страна на градот. Областа се состои од станбени и индустриски области од работничката класа. Населението е 240.000 (1997), а областа опфаќа површина од 8 km2 (3.1 sq mi). Градоначалник е Атила Ајдинер (АКП). Областа била дел од округот Фатих до 1936 и Ејуп помеѓу 1936 и 1990 година. Поранешниот назив на Бајрампаша бил „Сагмалџилар“ до 1960-тите. Негови соседи се Газиосманпаша од север, Ејуп од исток, Зејтинбурну од југ и Есенлер од запад.
Луѓето во Бајрампаша се главно Албанци и Бошњаци. Домовите во Бајрампаша се генерално со лош квалитет и има работилници и мали фабрики, дури и во станбените улици, додека поголемите области во областа се чисто индустриски.
Постојат голем број важни јавни згради во областа: најголемиот затвор во Истанбул (кој сега е во мирување); два големи спортски комплекси; главната автобуска станица (која всушност е во Бајрампаша иако се нарекува автобуска станица Есенлер).
Областа била позната како Сагмалџилар до 1970 година, кога големата епидемија на колера, предизвикана од загадувањето на водоснабдувањето довело до тоа да биде ставена во карантин. По овој инцидент, името на населбата станало синоним за колера, така што областа била преименувана во Бајрампаша, според османлискиот везир од 17 век, Бајрам-Паша. Дел од отоманскиот систем за водоснабдување, кој го изградил Мимар Синан, се задржал до денес.
Локалниот фудбалски тим со седиште во округот се вика Бајрампашаспор.
На 1 декември 2015 година, се случила експлозија во близина на станицата Бајрампаша, оставајќи неколку повредени[3].
Наводи
- ↑ „Површина на областите (со езера) во км²“. База на обласна статистика. Статистички завод на Турција. 2002. Посетено на 2013-03-05. (турски)
- ↑ „Население на покраинските/окружните центри и паланки/села во 2012 г.“. База на податоци за населението по системот ABPRS. Статистички завод на Турција. Посетено на 2013-02-27.
- ↑ „Istanbul metro blast 'causes injuries' - Turkey media“. BBC News. 1 December 2015. Посетено на 1 December 2015.
- „Information on Bayrampaşa district“ (Turkish). Governorship of Istanbul. 2009. Архивирано од изворникот на 2009-12-13. Посетено на 2009-08-16. Занемарен непознатиот параметар
|deadurl=
(help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
Надворешни врски
- District governor's official website (турски)
- District municipality's official website (турски)
- Miscellaneous images of Bayrampaşa
|