ФК Саутхемптон: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 18: | Ред 18: | ||
| season = [[Премиер лига на Англија 2018-2019|2018–19]] |
| season = [[Премиер лига на Англија 2018-2019|2018–19]] |
||
| position = Премиер лига, 16. место |
| position = Премиер лига, 16. место |
||
⚫ | |||
<!-- Home kit --> |
|||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
| leftarm1 = FF0000 |
| leftarm1 = FF0000 |
||
| body1 = FFFFFF |
| body1 = FFFFFF |
||
| rightarm1 = FF0000 |
| rightarm1 = FF0000 |
||
| shorts1 = 000000 |
| shorts1 = 000000 |
||
| socks1 = |
| socks1 = FFFFFF |
||
⚫ | |||
<!-- Away kit --> |
|||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
| |
| body2 = 000000 |
||
| |
| rightarm2 = 000000 |
||
| |
| shorts2 = DFFF00 |
||
| |
| socks2 = DFFF00 |
||
⚫ | |||
| socks2 = 000099 |
|||
⚫ | |||
<!-- Third kit --> |
|||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
⚫ | |||
| leftarm3 = FFFFFF |
|||
⚫ | |||
| body3 = FFFFFF |
|||
⚫ | |||
| |
| rightarm3 = FFFFFF |
||
| |
| shorts3 = FFFFFF |
||
| |
| socks3 = 000030 |
||
⚫ | |||
| socks3 = 000001 |
|||
| website = http://www.saintsfc.co.uk/page/Home/ |
| website = http://www.saintsfc.co.uk/page/Home/ |
||
}} |
}} |
Преработка од 14:33, 23 август 2019
Саутхемтон | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски Клуб Саутхемптон | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Светци | |||
Основан | 21 ноември 1885 како St. Mary's YMA | |||
Стадион | Сент Мери | |||
Капацитет | 32,384[1] | |||
Сопственик | Гао Јишенг (80%) Катарина Либер (20%) | |||
Извршен директор | Мартин Семенс | |||
Менаџер | Ралф Хасенхутл | |||
Лига | Премиер лига | |||
2018–19 | Премиер лига, 16. место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
ФК Саутхемптон — англиски фудбалски клуб, со прекар Светци, лоциран во градот Саутхемптон, Хемпшир, кој се натпреварува во Премиер лигата.
Официјален стадион на клубот е стадионот Сент Мери, каде што клубот е преместен од 2001. Поранешниот домашен стадион на кој играл овој тим бил Дел стадионот кој што во 2001 бил демолиран. Прекарот „Светци“ клубот го има уште од своето основање во 1885 година поради тоа што своевремено функционирал како црковен фудбалски тим, именуван како „Млад машки тим на црквата Св. Марија - Англија“ (St Mary's Church of England Young Men's Association (St Mary's Y.M.A)), играле во црвено-бели маици
Клубот своето најголемо ривалство го има со Портсмунт поради близината на градовите. Мечевите помеѓу овие два тима се нарекуваат Дерби на Јужниот брег
Клубот го има освоено ФА купот еднаш во 1976 година, а нивниот највисок лигашки финиш бил второ место во Првата дивизија во сезоната 1983–84.[2] Саутхемптон испаднале од Премиер лигата на 15 мај 2005 година завршувајќи ја низата од 27 сезони натпреварување во првата лига.[3]
По три сезони одиграни во Втората англиска лига, Саутхемптон бил исфрлен во третата лига во 2009 година. По две години играње во третата лига, клубот повторно е промовиран во втората лига под водство на Најџел Адкинс. Адкинс во јануари 2013 година бил заменет со поранешниот тренер на Еспањол Маурицио Почетино, кој го освои 14-тото место во нивната прва сезона во Премиер лигата, што е клупски рекорд.
Историја
Основање и натпреварување во Јужната лига
Во преминот во 2001 година од Дел стадионот на новиот стадион било повторно враќање на домашно тло, поради близината на црквата Света Марија, црквата каде што клубот бил формиран на 21 ноември 1885 од страна на членовите на срквата.
St Mary's Y.M.A., како што биле често нарекувани од локалните медиуми, ги играле своите рани натпревари на ширината Комон каде што често биле попречувани од страна на жителите кои го поминувале времето на ширината. Поважните натпревари, куп натпреварите, биле одиграни на поранешниот локален крикет мини стадион во Нортлендс Роуд или крикет стадионот Антилоп кој штп бил во близина на црквата.
Клубот на почетокот бил познат како St. Mary's Young Men's Association F.C. (обично именуван со кратенката „St. Mary's Y.M.A.“) или само како St. Mary's F.C. во периодот 1887–88, за подоцна да биде преименуван во Southampton St. Mary's кога клубот се приклучил во Јужната лига во 1894 година. По освојувањето на Јужната лига во периодот 1896–97, клубот станал компанија и бил преименуван во Southampton F.C..
Саутхемптон го освојувал Јужниот шампионат три години по ред од 1897 до 1899, па потоа повторно во 1901, 1903 и 1904.
Овој успех бил причина за големи промени за тимот, како преместување во новоизградениот Дел стадион со вредност £10,000, кој што се наоѓал северозападно од центарот на градот во 1898 година.
Своето прво финале од четирите ФА Куп финалиња тимот го одиграл со Бари, резултатот бил 4-0 и победа на Бари. Две години подоцна Саутхемтон го доживеал и својот втор пораз во финалето од ФА Купот овој пат од страна на Шефилд Јунајтед со резултат 2-1.
Приклучување во Фудбалската лига
По Првата Светска војна, кога биле повеќе пати распадната поради повиците од војската, Светците се придружиле во ново формираната Трета фудбалска дивизија во 1920 година која што се делела на Јужна и Северна година подоцна. Сезоната 1921-22 завршила со триумф, промоција и започнување на 31-годишниот престој во Втората дивизија.
Сезоната 1922-23 била уникатна „Еднаква сезона“ - 14 победи, 14 нерешени, 14 порази и вкупни 42 поени, или по просек еден поен по натпревар. Головите за и против исто така биле изедначени, тимот ја завршил сезоната на средината од табелата.
Во 1925 и 1927, Саутхемптон ги достигнал полуфиналињата во ФА Купот со нови два порази 2-0 од Шефилд и 2-1 од Арсенал.
Светците биле приморани да ги играат домашните натпревари на стадионот на нивниот ривал Портсмунт за време на Втората светска војна кога паднала бомба на Дел стадионот оставајќи 5 метарска дупка во ноември 1940 година која предизвикала поплава.
Поствоени години
Промоцијата била промашена во сезоната 1947–48 кога тимот завршил на третата позиција, истото се повторило и следната сезона (иако имале осум поени предност со уште осум неодиграни натпревари) додека во сезоната 1949–50 им била одбиена промоцијата за гол разлика од 0,06 голови, препуштајќи им го второто место на Шефилд Јунајтед. Во сезоните 1948–49 и 1949–50, Чарли Вејман постигнал вкупно 56 голови. Подоцна релегацијата во сезоната 1952-53 ги вратила Светците во третата лига (Југ).
Тимот играл во третата лига се до 1960-та година кога Дерек Ривс постигнал 39 од 106-те шампионски голови. На 27 април 1963 година пред 68 илјадна публика на стадионот Вила Парк Саутхемптон изгубил со резултат 1-0 од Манчестер Јунајтед во полуфиналето од ФА Купот.
Промоција во Првата дивизија
Фудбалскиот сон за Дивизијата 1 бил за прв пат исполнет во 1966 кога на чело со Тим Бејтс тимот завршил како второпласиран. Најмногу постигнати голови во таа сезона имал Мартин Чиверс. Тој постигнал 30 од вкупно 85-те клупски лигашки голови. Оваа промоција за Саутхемптон претставува голем и важен дел од клупската историја.
Следната сезона по неговото пристигање, Рон Дејвис постигнал 43 голови во неговата прва сезона како нов играч. Клубот таа сезона постигнал 74, а примил 92 голови. Саутхемптон се натпреварувал во елитата осум години, со највисок пласман од седмо место (во сезоната 1968-69 и повторно во 1970-71).
Во декември 1973 година, по долго поминато време во клубот Тед Бејтс бил заменет со Лаури Мекменеми. Кој не успеал да го спречи Саутхемптон да биде жртва на новиот систем во кој 3 екипи отпаѓаат од лигата во 1974 (заедно со Манчестер Јунајтед и Норич Сити).
Купска слава
Под тренерската капа на Лаури Мекменеми, Саутхемптон се обновил во втората дивизија, потпишувајќи ги Питер Озгуд, Џим Мекелиог, Џим Стил и Питер Родригез (капитен). Според многумина најдобриот момент во историјата на клубот (се до денес) се случил во 1976-та година, кога во финалето на ФА Купот одиграно на стариот стадион Вембли, Саутхемптон го победил Манчестер Јунајтед со резултат 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигнал Боби Стоукс. Саутхемптон со освојувањето на ФА Купот во 1976 година ја прекинале серијата од порази во финалињата на ФА Купот (1900 и 1902 година).
Следната сезона, тимот се натпреварувал повторно во Европа во Купот на Победници, каде што стигнале до третата фаза каде што изгубиле од Андерлехт со резултат 2:3.
Враќање во Првата дивизија
Во сезоната 1977–78, под капитенската трака на Алан Бал, Саутхемптон завршиле на второто место во Втората дивизија (зад Болтон Вондерерс) и повторно се вратиле во елитата. Следната сезона повторно играле на Вембли во Купот на Лигата каде што по иако добро одиграниот натпревар тие изгубиле од Нотингем Форест со резултат 3-2.
Во 1980, Мекменеми направил мошне добар потег, доведувајќи го „Европскиот фудбалер на годината“, Кевин Киган. Иако кариерата на Киган во Саутхемптон траела само две години, во тој период Саутхемптон имал доста силен тим сочинувајќи го Алан Бел, кој што бил добар стрелец, Тед Мекдагал, (кој сеуште го држи рекордот за најмногу постигнати голови во еден натпревар во ФА Купот, 9 за Борнмут против Маргејт, натпревар кој завршил со резултат 11-0 и победа на Борнмут). Напаѓачкиот колега на Мекдагал во Борнмут и Норвич, Фил Боер, Мик Шенон и Чарли Џорџ во сезоната 1980–81 заедно постигнале 76 голови, искачувајќи го тимот на дотогаш највисокото шесто место на табелата. Следната сезона, Кевин Киган помогнал во тоа клубот да заврши на врвот на Првата дивизија барем на некое време. Саутхемптон бил на врвот на лигата повеќе од 2 месеци, завземајќи го првото место на 30 јануари 1982 и останувајќи таму се до 3 април 1982 година. Но на разочарувачкиот крај на сезоната, во кој Киган имал повреда на грбот, Саутхемптон победил на само 2 натпревари од последните 9, со тоа завршувајќи на седмото место. Киган постигнал 26 од вкупните 72 гола на Саутхемптон таа сезона.
Прогресот на Саутхемптон бил во нагорна линија под раководството на Мекменеми, а тимот сочинуван од Питер Шилтон, Ник Холмс, Дејвид Армстронг, најдобриот стрелец Стив Моран и Дани Валас го достигнал највисокиот пласман во историјата на клубот, второ место, во сезоната 1983–84[2] (само 3 поени зад шампионот Ливерпул), како и достигнувајќи го полуфиналето во ФА Купот каде што биле поразени од страна на Евертон со резултат 1-0 на стадионот Хајбури.
По Мекменеми
Лаури Мекменеми го напуштил клубот на крајот од сезоната 1984-85 и бил заменет од страна на Крис Никол, кој бил отпуштен по шест години неуспевајќи да го задржи клубот со елитен статус. Никол бил заменет од Ијан Бренфут, кој се до крајот на сезоната 1990-91 бил асистент менаџер на Стив Копел во Кристал Палас. Во оваа фаза најважен играч во стартните единаесет на Саутхемптон бил Метју ле Тисије кој што играл на позицијата истурен напаѓач/напаѓачка средина, еден од најсаканите играчи во поновата историја на Светците. Тисије бил избран за Најдобар млад играч на годината во 1990. Настапувал за репрезентацијата на Англија на осум натпревари. Се пензионирал во 2002 на 33 годишна возраст..
Саутхемптон во Премиер лигата
Саутхемптон биле основачки членови на англиската Премиер лигата во сезоната 1992-93, каде што пред основањето на оваа лига се натпреварувале во елитата уште од 1978 година.
Иан Бренфут бил отпуштен во јануари 1994 поради слабите резултати на Саутхемптон и можноста за испаѓање. Бил заменет со тренерот на Екстер Сити, Алан Бол. Бол успеал да го задржи тимот во Премиер лигата во сезоната 1994-95 завршувајќи на солидното 10-то место, каде што најдобар учинок имал Метју Ли Тисие. Но за време на гласините каде што се велело дека Бел немал доволно поддршка од бордот на директори на клубот, Манчестер Сити ја искористил ситуацијата и потпишал договор со Бел. Како нов тренер на Саутхемптон бил назначен Дејвид Мерингтон во сезоната 1995-96. Саутхемптон завршил на 17-то место со 38 освоени бодови, избегнувајќи испаѓање во Втората лига поради подобрата гол разлика. Двете издвоени победи за време на последните недели од натпреварувањето во Премиер лигата играле голема улога во тоа што Саутхемптон, а не Манчестер Сити го зачувале премиерлигашкиот статус. Првата важна победа била издвоена со резултат 3-1 над Манчестер Јунајтед, за потоа да го победат тимот на Болтон Вондерерс со резултат 1-0 на гости. Мерингтон бил отпуштен неколку дена по завршувањето на сезоната и бил заменет со поранешниот тренер на Ливерпул и Ренџерс, Греме Сјунс.
По пристигнувањето на Сјунс кој што своевремено освоил три шкотски премиерлигашки титули и победа во ФА Купот над Ливерпул, Саутхемптон покажал малку подобри резултати. Сјунс донел квалитетни странски играчи како што биле Егил Есенстад и Ејал Берковиќ. Најдобар постигнат резултат во сезоната за Саутхемптон била победата над Манчестер Јунајтед со резултат 6-3 на стадионот Дел во октомври, кога двајцата нови играчи постигнале по два гола. Сјунс бил под голем притисок поради скандалот и критиките од јавноста поврзани со играчот Али Дија. Сјунс го напуштил тренерското место по само една помината сезона во клубот поради споровите со трансфер средствата, но и поради слабиот учинок во Премиер лигата завршувајќи на 16-то место. Бордот на директори на клубот се осврнале кон Дејв Џоунс - еден од најпочитуваните тренери надвор од Премиер лигата кој што обезбедил промоција на тимот Стокпорт Каунти од третата во втората лига како и достигнувајќи го полуфиналето на Лигашкиот куп.
По доаѓањето на Дејв Џоунс дотогаш тренер кој немал никакво искуство во Премиерлигата, многумина сметале дека Саутхемптон ќе испадне во Втората лига во сезоната 1997-98. Но благодарејќи на трансферот на младиот напаѓач Кевин Дејвис, и добрата покажана игра од неколку други играчи, Саутхемптон го достигнал единаесеттото место, притоа успевајќи да ја продолжи низата на победи на домашен терен против Манчестер Јунајтед трета година по ред. Формата на клубот значително опаднала во сезоната 1998-99 каде што се наоѓале на дното на табелата во поголемиот дел од првата половина од сезоната, но тие повторно успеале да избегнат исфрлање со помош на добрата игра на латвиецот Маријан Пахарс и Ле Тисие (често нарекуван „Големото бегство“). Во 1999 година на Саутхемптон му била дадена дозвола за изградба на новиот стадион Св. Марија во околината на градот, добредојден потег како за играчите така и за публиката.
За време на сезоната 1999-2000, Дејв Џонс морал да даде отказ како тренер на Саутхемптон поради судски случај каде што бил обвинет за злоставување во домот за деца каде што тој работел за време на 1980-те. Обвиненијата се докажале како невистинити но тогаш било доцна за да се спаси кариерата на Џонс како тренер на Саутхемптон. Подоцна за нов тренер на Саутхемптон бил назначен поранешниот англиски репрезентативец Глен Худл.
Глен Худл го одржувал Саутхемптон далеку од испаѓање во Втората лига, но по понудата од Тотенхем Хотспар тој во сезоната 2000-01 ја завршил својата кариера како тренер на Саутхемптон. Бил заменет од страна на вториот тренер на тимот Стјуард Греј. На крајот на сезоната 2000-01, во последниот натпревар на стариот Дел стадион, Метју Ле Тисие го постигнал последниот гол на овој стадион во доцниот дел од натпреварот. На тој меч Саутхемптон ја издвоил последната победа на овој стадион над Арсенал со резултат 3-2. Последната победа над Арсенал на тој стадион претставува важен дел од клупската историја. Греј бил отпуштен поради слабиот старт следната сезона и бил заменет со поранешниот тренер на Ковентри Сити, Гордон Страчен.
Страчен направил доста за го ревитализира Саутхемптон во сезоната 2001-02, завршувајќи на безбедното единаесетто место на табелата. Следната сезона Саутхемптон постигнал уште поголем успех завршувајќи ја сезоната на осмото место, и достигнувајќи го финалето на ФА Купот каде што играле со Арсенал. На тој меч Саутхемптон изгубил со минимални 1-0 на стадионот Милениум. Одржувањето на оваа форма продолжила и следната сезона во која што завршиле на дванаесеттото место и повторна победа над Манчестер Јунајтед на свое тло.
Претседателот на клубот Ричард Лоув ја разбранил јавноста кога го назначил Хари Реднап како тренер на клубот на 8 декември 2004.[4] Оваа вест ја шокирала фудбалската јавност, поради тоа што Реднап дал отказ како тренер на лутиот ривал на Саутхемптон, Портсмут неколку дена пред да потпише за Саутхемптон. Реднап донел неколку нови играчи меѓу кои и неговиот син Џејми Реднап во обид да избегне испаѓање од лигата. Обидите на Реднап биле залудни кога Вест Бромвич Албион наместо Саутхемптон избегнал исфрлање во Втората лига (Чемпионшип). По 27 години одиграни во елитата на англискиот фудбал и буџет кој што бил многу понизок во споредба со останатите клубови, Саутхемптон ја напуштил Премиер лигата.[3]
Лоув како претседател на Саутхемптон продолжил да се појавува во јавноста по назначувањето на англискиот рагби тренер и победник на Светскиот куп во рагби Сер Клив Вудвард како технички директор на клубот.[5]
Испаѓање по 27 години
Саутхемптон имал слаб почеток на сезоната во Втората англиска лига, со издигањето на талентираниот млад играч Тео Волкот како ретка причина која што давала оптимизам.
Играчи
Моментален состав
|
|
Наводи
- ↑ 2013-14.pdf „Premier League Handbook Season 2013/14“ Проверете ја вредноста
|url=
(help) (PDF). Premier League. Посетено на 17 August 2013. - ↑ 2,0 2,1 Greg Struthers (19 February 3006). „Caught in Time: Southampton finish runners-up in the First Division, 1984“. The Times. UK. Посетено на 4 January 2009. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 3,0 3,1 „Southampton's 27-year stay in the top flight of English football ended“. Southampton 1 – 2 Man Utd. BBC Sport. 15 May 2005. Посетено на 19 August 2013.
- ↑ „Saints name Redknapp as boss“. BBC Sport. BBC. 8 December 2004. Посетено на 30 October 2013.
- ↑ „Southampton confirm Woodward move“. BBC Sport. BBC. 22 June 2005. Посетено на 30 October 2013.
- ↑ „First team“. Southampton F.C. Посетено на 7 August 2017.
- ↑ „2017/18 season squad numbers confirmed“. Southampton F.C. 4 August 2017. Посетено на 5 August 2017.
|