Прејди на содржината

Крсте Гермов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с top: clean up, replaced: |Отоманско Царство}} → }} using AWB
с Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 18: Ред 18:
'''Крсте Гермов''' познат како '''Шакир'''<ref>Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 67</ref> ({{роден на|||1868}}, {{роден во|Прилеп}} - {{починал на|17|декември|1962}}, {{починал во|Скопје}}) — македонски револуционер, мариовски војвода, учесник во македонското револуционерно движење, член на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. После втората светска војна учествува во раководењето на [[Народна Република Македонија|Народна република Македонија]].

== Биографија ==
== Животопис ==
[[Податотека:Sl. 1Vlado Baboski i Sakir vojvoda vo Mariovo.JPG|250px|мини|десно|Владо Бабовски (лево) и Шаќир војвода (го чита писмото) во Мариово]]
[[Податотека:Sl. 1Vlado Baboski i Sakir vojvoda vo Mariovo.JPG|250px|мини|десно|Владо Бабовски (лево) и Шаќир војвода (го чита писмото) во Мариово]]
Гермов е роден во 1868 година во [[Прилеп]]. Работeл како [[кројач]]. Во [[1901]] година влегол во [[ТМОРО]],<ref name="ReferenceA">Илинденски сведоштва, том I, дел II, ДАРМ Скопје 2016, стр. 959</ref> а откако во 1902 година го убил шпионот кој ја предал четата на [[Методија Патче|Методи Патчев]] во [[Кадино Село]], Крсте Гермов заминал во илегала, и се вклучил во четата на [[Петар Ацев]].<ref name="ReferenceA"/> До Илинденското востание и за време на востанието, Гермов бил секретар на мариовската чета, која била раководена од војводата [[Толе Паша]], а кон крајот на 1903 година, по смртта на Толе Паша, го заменил и станал реонски војвода во [[Мариово]].<ref name="ReferenceA"/>

Преработка од 11:15, 15 јули 2020

Крсте Гермов
Роден 1868
Прилеп, Македонија
Починал 17 декември 1962
Скопје, Македонија
Познат војвода на ТМОРО

Крсте Гермов познат како Шакир[1] ( 1868, Прилеп - 17 декември 1962, Скопје) — македонски револуционер, мариовски војвода, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација. После втората светска војна учествува во раководењето на Народна република Македонија.

Животопис

Владо Бабовски (лево) и Шаќир војвода (го чита писмото) во Мариово

Гермов е роден во 1868 година во Прилеп. Работeл како кројач. Во 1901 година влегол во ТМОРО,[2] а откако во 1902 година го убил шпионот кој ја предал четата на Методи Патчев во Кадино Село, Крсте Гермов заминал во илегала, и се вклучил во четата на Петар Ацев.[2] До Илинденското востание и за време на востанието, Гермов бил секретар на мариовската чета, која била раководена од војводата Толе Паша, а кон крајот на 1903 година, по смртта на Толе Паша, го заменил и станал реонски војвода во Мариово.[2]

За време на Илинденското востание учествувал во повеќе борби против турскиот аскер, а по востанието против турскиот аскер и башибозук, исто така и српски и грчки чети.

Пролетта на 1904 година бил во придружба на Ѓорче Петров, а потоа бил заедно со војводата Никола Каранџулов. 1906 година бил уапсен од страна на турската власт и бил осуден на доживотен затвор. Одлежал две години на робија,[2] а потоа бил амнестиран од Младотурците во 1908 година. Васил Балевски за Шаќир вели:

Крсте Гермов (Шаќир) беше многу способен војвода. Тој беше со образование, голем шегобиец и раскажувач на приказни и мајтапи. Тој сите кладенчиња во областа ги направил чешми и го беше крстил секое Шаќирова чешма. Тој имаше неколку псевдоними, како Шаќир, Аргир и други[3]
Прекарот Шаќир го добил по некој турски разбојник, бидејќи на турските порти во Варошко Маало во Прилеп им цртал крстови да објави дека градот е рисјански. Затоа Турците го нарекле Шаќир, по разбојникот. Имал шест прекари. Бил прв соработник на Ѓорче Петров, а на војводата Толе од Мариово му бил секретар. Непомирливиот дух за правда го терал да организира акции против насилниците врз христијанското население, а имал своја чета во Мариовско. Бил соработник на војводата Петре Ацев. По атентатот на пријателот од Прилеп, Ѓорче Петров во Софија, отишол во бугарската престолнина, посветувајќи се на поддршка на студенти со национални идеи[4]

По востанието

Во 1910 година во разоружителната акција од страна на турската власт бил подложен на мачење, потоа заминал за Софија, каде отворил свое кафе, па работел и како кондуктер во Дирекцијата на трамваите.

Четата на Шаќир војвода
Група стари македонски револуционери снимени во април 1948. Седат од лево на десно: Ризо Ризов, Крсто Гермов, Александар Мартулков. Стојат од лево на десно: Димитар Поп Евтимов, Анастас Митрев, Панко Брашнаров и Павел Шатев.

Учествувла во Балканските војни, во македонскиот доброволен одред (Македонско-одринско ополчение). Добил орден За храброст IV ред [5]. По војната живеел во Софија.

Соработувал со списанието Македонски вести (Софија 1935-36) уредувано од Ангел Динев. Се вратил во Асномска Македонија, бил избран за народен пратеник од Прилепско во Народното собрание на Македонија.

На 1 септември 1946 година во Скопје ја отворил Првата седница на Македонското народно собрание токму како Шаќир Војвода, како највозрасен народен пратеник. Починал во Скопје на 17 декември 1962, а бил погребан со високи почести во родниот град - Прилеп. Пред својата смрт војводата во разговор со Лазар Колишевски во 1961 година истакнал:

..Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично - е, па додов да ти кажам дека на Дворот (Дворецот во Софија) влегувавме сите: едни низ главната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа... [Трите точки се ставени од Д. Кљакиќ] освен еден човек... Таму не влезе само Гоце Делчев... [6]

Извори

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 67
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Илинденски сведоштва, том I, дел II, ДАРМ Скопје 2016, стр. 959
  3. „Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр.65
  4. Сеќавања на неговата ќерка Нада Гермова-Бабиќ
  5. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 176.
  6. Кљакиќ, Драган. Времето на Колишевски. Скопје, 1994, стр. 182.

Надворешни врски