Плаќе: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Население: Правописна исправка, replaced: два пати → двапати |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 124: | Ред 124: | ||
<!--== Личности == |
<!--== Личности == |
||
== Култура и спорт ==--> |
== Култура и спорт ==--> |
||
== Личности == |
|||
* [[Глигор Ристов Дукоски]] — македонски револуционер од [[Македонска револуционерна организација|ВМОРО]].<ref>{{Наведена книга|title=|first=|publisher=|others=Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref> |
|||
* [[Иван Велјанов Иваноски]] — македонски револуционер од [[Македонска револуционерна организација|ВМОРО]].<ref name=":1">{{Наведена книга|title=|first=|publisher=|others=Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија.|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref> |
|||
* [[Мице Колев Иваноски]] — македонски револуционер од [[Македонска револуционерна организација|ВМОРО]].<ref name=":1" /> |
|||
* [[Ефтим Стојанов Миленков]] — македонски револуционер од [[Македонска револуционерна организација|ВМОРО]].<ref>{{Наведена книга|title=|first=|publisher=|others=Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref> |
|||
* [[Стеван Ристески]] — македонски револуционер од [[Македонска револуционерна организација|ВМОРО]].<ref>{{Наведена книга|title=|first=|publisher=|others=Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref> |
|||
* [[Мицко Павлов Ставрески]] — македонски револуционер од [[Македонска револуционерна организација|ВМОРО]].<ref>{{Наведена книга|title=|first=|publisher=|others=Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.|year=|isbn=|location=|pages=}}</ref> |
|||
== Иселеништво == |
== Иселеништво == |
Преработка од 22:55, 8 септември 2020
Плаќе | |
Поглед на селото | |
Координати 41°13′6″N 20°58′23″E / 41.21833° СГШ; 20.97306° ИГД | |
Регион | Предлошка:Грбови |
Општина | Охрид |
Област | Охридско |
Население | 4[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 6306 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | 19037 |
Надм. вис. | 1.417 м |
Слава | Илинден |
Плаќе на општинската карта Атарот на Плаќе во рамките на општината | |
Плаќе на Ризницата |
Плаќе — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.
Географија и местоположба
Ова село се наоѓа во најсевероисточниот дел на територијата на Општина Охрид, на југозападната падина на Плаќенска Планина, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Демир Хисар.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.370 метри. Од градот Охрид селото е оддалечено 25 километри.[3]
Плаќе влегува во особено планинските села. Се наоѓа во крајниот североисточен дел на Охридско на висорамнина над 1.000 метри. Таму се наоѓа изворишниот дел на Коселска Река. Од југозападна страна се наоѓаат соседните села Речица и Свиништа. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од извори.[4]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Широка Рудина, Стари Куќи, Горни и Долни Злидол, Врабца, Голи Врв и други.[4]
Селото во основа има збиен тип. Одредени делови од селото се нарекуваат по родови.[4]
Најблиско село е селото Речица, со кое село Плаќе граничи од запад, од југ граничи со селата Лева Река и Свиништа, од север со селото Брежани, и од исток со селата Вирово и Церово.
До селото се стигнува преку пат од соседното село Речица, кој не е целосно асфалтиран.[5]
Историja
Плаќе е старо село, со длабоко минато. На местото Стари Куќи, кое лежи северно од Плаќе, се наведува дека живееле луѓе уште од старо време, се зборува дека постоеле куќи и црква и на местото Старци.[4]
Сепак, според денешното население Плаќе не е многу старо село, него го основале доселеници од блиските околни села. После тоа, селото настрадало од чума и мештаните се иселиле во шумата во планината.[4]
Во XIX век, Плаќе било село во Охридската каза, на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 19,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.116 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 669 хектари, а на пасиштата 282 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
До Втората светска војна, мештаните се занимавале со земјоделство и со сточарство. Главно се одгледувало жито (’рж и јачмен).[4]
Население
Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Истанбул во 1878 година, во која е прикажена статистиката на машкото население од 1873 година, селото Плаќе е посочено двапати, со 30 домаќинства и 86 жители еднаш, и 30 домаќинства и 92 жители, втор пати.[6]
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Плаќе живееле 160 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Плаќе имало 120 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Од Плаќе се иселил голем дел од населението и селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Во 1961 година селото имало 391 жител, а во 1994 година бројот се намалил само на 34 жители.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Плаќе живееле 4 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 160 | 120 | 381 | 404 | 391 | 163 | 54 | 38 | 34 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Плаќе е македонско православно село. Во селото има 3 рода и сите потекнуваат од доселеници.[4]
Родови во Плаќе се: Сметеновци или Јовановци, Трајановци и Милошевци. Сите заедно имаат 18 куќи, како што е спомнато сите родови се доселенички, кои дошле од околните села.
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:[13]
- Староседелци: Камнаровци (8 к.); Чичковци или Цветковци (8 к.); Иловци со Николевци (13 к.) и Тумчевци со Трајковци и Ставревци (9 к.).
- Доселеници: Миленковци со Ивановци (15 к.), доселени се на почетокот од XIX век од мијачкото село Лазарополе. Во Лазарополе биле браќата Ристе, Иван, Миленко и Ѓоре. Таму останал само Ѓоре, другите се иселиле во Плаќе. Од каде во 1936 година, потомците на Ристе се иселиле во селото Ливоишта (Ристевци).
Општествени установи
- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било седиште на некогашната рурална Општина Косел.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било седиште на тогашната општина Косел.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Косел, во која селото покрај селото Плаќе, се наоѓале и селата Вапила, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Завој, Косел, Куратица, Ливоишта, Опеница, Орман, Расино, Речица, Свиништа и Сирула. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Речица, во која влегувале селата Плаќе, Речица и Свиништа.
Изборно место
Селото е опфатено во изборното место бр. 1342 според Државната изборна комисија, сместено во приватен објект во селото Свиништа.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 97 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Св. Недела — средновековна црква
- Цркви[17]
- Црква „Св. Илија“ — главна селска црква; и
- Црква „Св. Недела“ — понова црква изградена на влезот од селото.
- Реки[18]
- Горна Зла Река — мала река која тече низ селото
- Споменици
- Споменик на паднатите борци од селото
Редовни настани
- Слави[19]
- Илинден — црковна слава, кога се организира и прослава со културна програма
Личности
- Глигор Ристов Дукоски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Иван Велјанов Иваноски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Мице Колев Иваноски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Ефтим Стојанов Миленков — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Стеван Ристески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Мицко Павлов Ставрески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
Иселеништво
Се знае за следните иселени родови од селото: во селото Биџево е иселен родот Плаќенковци (6 к.); во Долно Лакочереј е иселен родот Сметеновци (12 к.); во селото Ливоишта е иселен родот Ристевци (7 к.); а иселеници има и во градот Охрид.[4]
До крајот на првата половина од XIX век во Плаќе живеел големиот род Поповци. Еднаш во селото дошле некои Турци по што избила расправа помеѓу жителите од Поповци и Турците, по што тие морале да се иселат од селото. Жителите од овој род се иселиле во Крушево, а други во Битола, Струга, Журче (некои велат Поповци) и во Прострање. Уште се кажува дека биле еден род со Чичковци и Цветковци.[13]
Галерија
-
Градба на сретселото
-
Покриен простор на сретселото
-
Куќи во селото
-
Новоизградената црква „Св. Недела“
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 ноември 2019.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 236. Посетено на 15 ноември 2019.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ „Ќе се асвалтира ли Плаќе? | ТелевизијА ТВМ“. tvm.mk. Посетено на 2019-11-15.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. Охридско Поле-Плаќе. Архивски фонд на МАНУ Фонд АЕ 87/1.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 15 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 15 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 24. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ „Свеченост во Плаќе по повод Илинден и патронот на селото Св. Илија“. OhridNews (англиски). 2011-08-01. Посетено на 2019-11-15.
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 21,0 21,1 . Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Поврзано
Надворешни врски
|