Прејди на содржината

Славејко Арсов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Четник е српски војник...Треба борец да стои ,а не четник
.
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Slaveiko Arsov.jpg|thumb|right]]
'''Славејко Арсов''' ({{роден во|Штип}}, {{роден на|17|август|1878}} - {{починал на|22|август|1904}}).
'''Славејко Арсов''' ({{роден во|Штип}}, {{роден на|17|август|1878}} - {{починал на|22|август|1904}}).



Преработка од 11:11, 29 декември 2008

Славејко Арсов (Штип, 17 август 1878 - 22 август 1904).

Се школувал во Штип, Скопје (1895) и Софија (1897/98). Во редовите на ТМОРО стапува во 1899 година. Во 1900 година паднал во затвор. Лежел во Кичево а потоа во Битола. По 14 месеци со откуп успеал да се извлече од затворот.

Во почетокот бил обичен борец во четата на војводата Марко Лерински (есен 1901), а потоа бил избран за околиски војвода во Битолско, па во Ресенско. Зел активно учество на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во борбите што се воделе во Ресенско.

По задушувањето на востанието отишол на лекување во Бугарија. Уште недолечен тргнал да се враќа во Македонија заедно со чета. На пат за Ресенско, на 22 август 1904 година, близу до с. Ѓуѓанци (Светиниколско), заедно со четата на Стојан Донски, биле опколени од турски аскер. Цели 6 часа се водела тешка и крвава борба. Тешко ранет, С.Арсов извршил саможртва за да не падне жив во рацете на турскиот аскер.