Прејди на содржината

Колицко: Разлика помеѓу преработките

Координати: 42°1′1″N 21°48′56″E / 42.01694° СГШ; 21.81556° ИГД / 42.01694; 21.81556
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 38: Ред 38:


== Културни и природни знаменитости ==
== Културни и природни знаменитости ==
;Археолошки наоѓалишта
;Археолошки наоѓалишта<ref name="АрхеоКарта">{{АрхеоКарта|211}}</ref>
* [[Трпеза (Колицко)|Трпеза - Ѕидини]] — населба од римско време
* [[Трпеза (Колицко)|Трпеза - Ѕидини]] — населба од римско време



Преработка од 13:47, 12 ноември 2021

Колицко
Колицко во рамките на Македонија
Колицко
Местоположба на Колицко во Македонија
Колицко на карта

Карта

Координати 42°1′1″N 21°48′56″E / 42.01694° СГШ; 21.81556° ИГД / 42.01694; 21.81556
Општина Куманово
Шифра на КО 17050
Колицко на општинската карта

Атарот на Колицко во рамките на општината
Колицко на Ризницата

Колицко — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

Колицко — село во Областа Овче Поле. Во близина на градот Куманово, од кое е оддалечено 21км, Колицко граничи со селата: Скачковце и Орашац на север и североисток, Габреш на исток, Длга на запад, и Живиње на југ. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Голем гољак, Брајански рид, Леви Дол, Пејкова падина, итн.

Историја

Во XIX век, Колицко се наоѓало во Кумановската каза, нахија Овче Поле, во Отоманското Царство.

Стопанство

Демографија

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Колицко имало 145 жители, сите Македонци христијани.[1] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колицко имало 68 жители.

Родови

Колицко е македонско православно село, родовите во се староседелци кои живееле во старото село Колицко и доселеници.

Родови во Колицко се: Банковци (18 куќи), Вучковци (16 куќи), Антевци (12 куќи) и Пауновци (2 куќи) староседелци, кои живеееле во старото село Колицко, од каде ја поместиле положбата на селото околу 1770 година. Во родот Банковци се знае следното родословие: Љубе (жив на 50 г. во 1971 година) Милан-Аце-Максим-Младен-?-Банко, кој се поместил од старо Колицко; Ѓуревци (1 куќа) и Кузе (1 куќа) првите се доселени од соседното село Скачковце, а вторите од селото Мургаш, доселени се пред 1912 година; Пешевци (2 куќи) доселени се од кривопаланечкото село Радибуш во 1921 година; Станојовци (1 куќа) доселени се 1930 година од селото Стајовци, во Горна Пчиња, денес во Србија.[2]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[3]

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Постари иселеници има во некои кумановски села. А после Втората светска војна населението воглавно се иселило во Куманово.[2]

Наводи

  1. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје. стр. 151-152-153.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 211. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски