Унгарија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Ред 99: | Ред 99: | ||
=== Современа историја === |
=== Современа историја === |
||
{{Main|Унгарска револуција (1848)}} |
|||
Во [[1848]] година Унгарците дигнале востание против Монархијата за национални права, но не успеале во тоа. По востанието политиката на монархијата кон Унгарците се менува и тогаш е формирана [[Австроунгарија]]. |
Во [[1848]] година Унгарците дигнале востание против Монархијата за национални права, но не успеале во тоа. По востанието политиката на монархијата кон Унгарците се менува и тогаш е формирана [[Австроунгарија]]. |
||
Преработка од 11:15, 12 мај 2023
Унгарија Magyarország (унгарски)
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: нема Историски Cum Deo pro Patria et Libertate (Латински, Со помош на Господ за татковината и слободата) или Regnum Mariae Patronae Hungariae (Латински, Кралството на Марија, патронот на Унгарија)[1] |
||||||
Химна: Химна („Isten, áldd meg a magyart“) („Боже, благослови го Унгарецот“) |
||||||
Местоположбата на Унгарија (темнозелена) – на Европскиот континент (зелена и темносива) |
||||||
Главен град (и најголем) | Будимпешта 47°26′N 19°15′E / 47.433° СГШ; 19.250° ИГД | |||||
Службен јазик | Унгарски (Magyar) | |||||
Народности | ||||||
Демоним | Унгарци | |||||
Уредување | Парламентарна република | |||||
• | Претседател | Јанош Адер | ||||
• | Премиер | Виктор Орбан | ||||
Основање | ||||||
• | Основање на Унгарија | 896 | ||||
• | Призната за Царство - Прв крал: Стефан I на Унгарија | 1000 декември | ||||
• | Моментално трета република | 23 октомври 1989 | ||||
пристапила во ЕУ | 1 мај, 2004 | |||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 93,030 км2 (109) | ||||
• | Вода (%) | 0.74% | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2015 г. | 9,855,571[3] (88ма) | ||||
• | Густина | 105.9 жит/км2 (94та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $199.395 милијарди[4] (43) | ||||
• | По жител | $19,829[4] (IMF) (39) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $164,339 милијарди[4] | ||||
• | По жител | $16,343[4] (IMF) | ||||
Џиниев коеф. (2014) | 27.9[5] низок · 16та |
|||||
ИЧР (2013) | ▲ 0.831[6] многу висок · 37ма |
|||||
Валута | Форинта (HUF ) |
|||||
Часовен појас | CET (UTC+1) | |||||
• | (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||||
Датумски формат | yyyy.mm.dd, yyyy.mm.dd (CE) |
|||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .hu1 | |||||
Повик. бр. | 36 | |||||
1. | Се користи и .eu како дел од Европската Унија. |
Унгарија (унгарски: Magyarország [ˈmɒɟɒrorsaːɡ] ⓘ) е држава во Средна Европа, што се граничи со Австрија, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Словенија и Словачка. Локално е позната како Земја на Унгарците. Главен град на Унгарија е Будимпешта. Химна на Унгарија е Isten, áldd meg a magyart (Боже, благослови го Унгарецот). Во Унгарија живеат околу 10.241.000 жители на територија од околу 93.000 км2.
Историја
Пред 895
Денешната територија на Унгарија во стариот век била провинција Панонија, дел од Римското Царство. Во 4 век на таа територија се населиле Хуните под водство на Атила. Подоцна таа територија ја населиле и германски племиња. По Германците дошле и Аварите и Словените, што подоцна резултирало со доаѓање на Угрите, односно денешните Унгарци.
Среден век
Угрите се населиле во 896 година.
Во 1001 година Унгарците го прифатиле христијанството и кнезот Иштван I се крунисал во крал. Во 1526 година за време на Мохачката битка Турците извоиле победа над Унгарија и со тоа престанала да постои како држава. Територијата на Унгарија била поделена на три дела од кои еден дел целосно потпаднал под власт на Турција, друг под власт на Хабсбуршката монархија и третиот бил полунезависна држава во вазалски однос со Турција. Кон крајот на 17 век сите три дела биле дел од Хабсбуршката монархија и тогаш Унгарците ја менуваат религијата прифаќајќи го лутеранството и калвинизмот.
Современа историја
Во 1848 година Унгарците дигнале востание против Монархијата за национални права, но не успеале во тоа. По востанието политиката на монархијата кон Унгарците се менува и тогаш е формирана Австроунгарија.
Во Првата светска војна Австроунгарија била дел од Силите на оската заедно со Германија и Италија. Кога Австроунгарија ја изгубила војната, државата се поделила на два дела: Австрија и Унгарија, додека делови потпаднале во рамките на Југославија, Романија и Чехословачка.
Во Втората светска војна Унгарија повторно ја поддржала Германија и по вторпат ја загубила војната. По војната Унгарија била под раководство на Комунистичката партија на Унгарија. Од 1990 година е демократско повеќепартиско општество.
Географија и клима
Околу половина од територијата на Унгарија е составена од рамница, поточно од Панонската низина. Највисоката надморска висина на Унгарија во рамницата е 183 метри.
Трансданубија е ридски предел и има мали планини. Овие се најисточните точки на Алпите на запад, Средните планини во центрот и Мешек планините на југ. Највисок врв во овој регион е Ирот ко со висина од 882 метри.
Највисоките и најголемите планини во Унгарија се Карпатите кои се наоѓаат во северна Унгарија, на словачката граница. Највисок врв е Кекеш со 1.014 метри.
Унгрија е поделена на два дела од реката Дунав. Покрај Дунав во Унгарија течат и Драва и Тиса и езерото Балатон. Климата на Унгарија е континентална.
Политички систем
Претседателот на Унгарија има церемонијална улога и е избран од парламентот на секои пет години. Премиерот е избран од парламентот на Унгарија и може да биде сменет само ако му се изгласа недоверба. Извршната власт, односно владата, е највисоката институција на Унгарија и премиерот е претседател на Владата. Премиерот го избира кабинетот на министри, но може истите да ги распушти. Националното собрание на Унгарија е еднодомна институција и има 386 пратенички места и се избираат на парламентарни избори за мандат од четири години.
Административна поделба
Административно, Унгарија е поделена на 19 региони и град Будимпешта. Овие региони се трета административна поделба на територијата на Унгарија.
Регионите понатака се поделени на подрегиони меѓу кои повторно Будимпешта е свој подрегион. Унгарија има вкупно 173 подрегиони. Овие подрегиони во 1996 година биле групирани во седум статистички региони за економски и статистички цели. Тие седум региони ја прават втората административна поделба на Унгарија.
Покрај регионите и подрегионите, во Унгарија има 23 градови кои се сметаат за посебни региони. Водачите на овие градови имаат соодветни законски сили, но сепак градовите спаѓаат во регионот каде се наоѓаат, освен Будимпешта.
Стопанство
Унгарија ги одржала своите први избори во 1990 година, после комунистичкиот режим во државата и успешно ја трансформирала својата планска економија во пазарна. Во државата широкораспространети се странските инвестиции и странскиот посед на компании и трговско земјиште.
Унгарија постојано има раст на економија. Приватниот сектор во државата сочинува околу 80% од БДП на Унгарија. Од странските инвестиции кои се слеваат во Средна Европа, една третина одат во Унгарија. Унгарија има јака монетарна, фискална, бизнис и трговска политика со лесно инвестирање.
Официјална валута во Унгарија е унгарската форинта.
Население и јазик
95% од населението на Унгарија се Унгарци со мајчин јазик унгарски. Најголеми малцински етнички заедници во Унгарија се Ромите со 2.1% и Германците 1.2%. Покрај нив во Унгарија живеат и Словаци, Хрвати, Романци, Украинци и Срби. Неофицијално, Ромите сочинуваат околу 10% од населението. Со Договорот од Карловиц голем број на Германци се доселиле во Унгарија.
Службен јазик во Унгарија е унгарски јазик.
Најголеми градови во Унгарија
Hungarian Central Statistical Office | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бр. | Округ | Нас. | Бр. | Округ | Нас. | ||||
Будимпешта Дебрецин |
1 | Будимпешта | Будимпешта | 1,752,286 | 11 | Солнок | Јас-Наѓкун-Солнок | 71,285 | Сегед Мишколц |
2 | Дебрецин | Хајду-Бихар | 201,432 | 12 | Ерд | Пешта | 68,211 | ||
3 | Сегед | Чонград | 160,766 | 13 | Татабања | Комаром-Естергом | 65,845 | ||
4 | Мишколц | Боршод-Абауј-Земплен | 154,521 | 14 | Шопрон | Ѓер-Мошон-Шопрон | 62,671 | ||
5 | Печ | Барања | 142,873 | 15 | Капошвар | Шомоѓ | 61,441 | ||
6 | Ѓер | Ѓер-Мошон-Шопрон | 132,038 | 16 | Веспрем | Веспрем | 59,738 | ||
7 | Њиреѓхаза | Саболч-Сатмар-Берег | 116,799 | 17 | Бекешчаба | Бекеш | 58,996 | ||
8 | Кечкемет | Бач-Кишкун | 110,687 | 18 | Залаегерсег | Зала | 57,403 | ||
9 | Секешфехервар | Фејер | 96,940 | 19 | Егер | Хевеш | 52,898 | ||
10 | Сомбатхељ | Ваш | 78,407 | 20 | Нагканижа | Зала | 46,649 |
Култура во Унгарија
Културата во Унгарија има свој специфичен стил, богата со различни елементи и стилови. Поради богатата историја, унгарската култура има богата фолклорна традиција изразена во архитектурата, начинот на живот, поезија, литература и сликарство. Унгарската музика е доста богата, почнувајќи од класичната музика на Франц Лист до унгарската ромска музика и танцеви. Исто така, литературата е многу богата и шаренолика со голем број на автори меѓу кои има и светски познати писатели и поети.
Религија
Мнозинството од населението на Унгарија биле христијанизирани во текот на 10 век. Првиот унгарски крал, Свети Иштван I го зел западното христијанство, иако неговата мајка, Саролт, била крстена по источниот обред. Унгарија останала претежно католичка земја до 16 век, односно до појавата на реформацијата и Лутеранството, каде калвинизмот бил прифатен од скоро цела популација. Во втората половина на 16 век, сепак, Езуитите предводени преку својата кампања на Контрареформација меѓу Унгарците, успеале нивниот процент да го намалат. До 17 век, Унгарија веќе била католичка земја. Во некои од источните делови на земјата околу Дебрецен, сѐ уште постојат протестантски заедници. православието во Унгарија е на религијата главно на некои национални малцинства во земјата, особено, Романци, Руси, Украинци и Срби.
Според последните податоци, 5.289.521 од населението на Унгарија се римокатолици, 268.935 - источни католици, 15.928 - православни, 1.622.796 калвинисти, 304.705 - лутеранци, 17.705 - баптисти, 5.840 - адвентисти, 34.530 - други протестантски деноминации, 24.340 - други христијански деноминации, 12.871- евреи, 13.567 - други нехристијански деноминации, 1.483.369 - атеисти, 1.734.333 - не одговориле на прашањето за нивната религиозна принадлежност.
Унгарија како тема во уметноста и во популарната култура
- „Унгарски благородник“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.[7]
Белешки
- ↑ Во Унгарија луѓето можат да пријават повеќе етнички идентитети, па затоа збирот надминува 100%.
Наводи
- ↑ European State Mottos[мртва врска]
- ↑ Vukovich, Gabriella (2018). Mikrocenzus 2016 – 12. Nemzetiségi adatok [2016 microcensus – 12. Ethnic data] (PDF). Hungarian Central Statistical Office (унгарски). Budapest. ISBN 978-963-235-542-9. Посетено на 10 January 2019.
- ↑ „Population by type of settlement - annually“. Hungarian Central Statistical Office. 24 December 2015. Посетено на 24 December 2015.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Report for Selected Countries and Subjects“. Imf.org. Посетено на 2008-11-21.
- ↑ „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Посетено на 4 December 2015.
- ↑ „Human Development Report 2012“ (PDF). United Nations. 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-08-18. Посетено на 14 март 2013.
- ↑ Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 21-22.
Галерија
Поврзано
Надворешни врски
„Унгарија“ на Ризницата ? |
- Собрание
- Шеф на држава и кабинет Архивирано на 14 мај 2011 г.
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Унгарија“ (англиски)
- Унгарија на UCB Архивирано на 19 јули 2011 г.
- Историја на Унгарија:документи
- Историја на Унгарија
- Превод на литературни творби на унгарски Архивирано на 9 декември 2000 г.
|
|
|
|