Горно Количани: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с →Население: Исправена латинична буква, replaced: сo → со |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 52: | Ред 52: | ||
После [[Втора балканска војна|Втората балканска војна]], 1913 г. селото влегува во границите на [[Србија]]'','' како центар на истоимената општина и има 608 жители.<ref>{{Наведена книга|title=Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци.|publisher=Мил. Ант. Вујиќ|year=1914|location=Белград}}</ref> |
После [[Втора балканска војна|Втората балканска војна]], 1913 г. селото влегува во границите на [[Србија]]'','' како центар на истоимената општина и има 608 жители.<ref>{{Наведена книга|title=Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци.|publisher=Мил. Ант. Вујиќ|year=1914|location=Белград}}</ref> |
||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на [[ |
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на [[Кралство Југославија]] во 1931 година, селото имало 800 [[Албанци]].<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://maps.mapywig.org/m/German_maps/series/http://maps.mapywig.org/m/German_maps/series/200K_Volkstumskarte_Jugoslawien/VKJug_Bl_35_39-42_SKOPLJE_1941.jpg/VKJug_Bl_35_39-42_SKOPLJE_1941.jpg|title=200K Volkstumskarte Jugoslawien}}{{Мртва_врска|date=February 2024 |bot=InternetArchiveBot |fix-attempted=yes }}</ref> |
||
Населението на Горно Количани речиси се удвоило во првите децении на XX век, но во наредните периодио постепено опаднало. Во следните неколку пописи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“. Почнувајќи од 1981 г. целото население почнало да се изјаснува како албанско. |
Населението на Горно Количани речиси се удвоило во првите децении на XX век, но во наредните периодио постепено опаднало. Во следните неколку пописи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“. Почнувајќи од 1981 г. целото население почнало да се изјаснува како албанско. |
Преработка од 22:00, 2 март 2024
Горно Количани | |
Поглед на селото Горно Количани | |
Координати 41°52′49″N 21°28′20″E / 41.88028° СГШ; 21.47222° ИГД | |
Регион | Скопски |
Општина | Студеничани |
Област | Торбешија |
Население | 248 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1050 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25052 |
Надм. вис. | 620 м |
Горно Количани на општинската карта Атарот на Горно Количани во рамките на општината | |
Горно Количани на Ризницата |
Горно Количани — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река, на околу 1,5 км југозападно од Долно Количани и на 18 километри јужно од градот Скопје. Лежи во ридски предел, а атарот зафаќа површина од 6,8 км2.[2]
Историја
Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Горно Куличани се состоело од 460 Арнаути муслимани[3].
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Горно Количане (Grn.-Količane) како албанско село.[4]
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 35 муслимански домаќинствa. На овој попис биле забележани 140 мажи муслимани, со 4 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 288 жители.[5]
Стефан Верковиќ во 1857 година го забележува со 229 жители.[6]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Количани живееле 460 жители, сите Албанци[7].[8]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, како центар на истоимената општина и има 608 жители.[9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 800 Албанци.[10]
Населението на Горно Количани речиси се удвоило во првите децении на XX век, но во наредните периодио постепено опаднало. Во следните неколку пописи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“. Почнувајќи од 1981 г. целото население почнало да се изјаснува како албанско.
Горно Количани е едно од селата во Општина Студеничани и воопшто во Скопскиот Регион, кое е населено исклучиво со муслимански Албанци, кое забележало значаен пораст на бројот на жители во однос на пописот од 1994 кога во селото живееле 413 жители.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 309 жители, од кои 306 Албанци, 1 Македонец и 2 други.[11]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 248 жители, од кои 195 Албанци и 53 лица без податоци.[12]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460 | — | 825 | 872 | 715 | 808 | 654 | 0 | 413 | 309 | 248 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Културни и природни знаменитости
- Спомен куќа на НОБ, прогласена за културно наследство на Македонија
Стопанство
Горно Количани има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 327,6 ха обработливо земјиште, 174,3 ха пасишта и 458,2 ха шуми[2]
Општествени установи
- Селска џамија
- Основно училиште
Иселеништво
Со истражувањето од 1950 г. е утврдено дела во селото Батинци живеат родовите Рушитоски (5 куќи) и Саитоски (2 куќи) доселени во 1946 г. од Дресница, а таму дошле од Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.[17]
Поврзано
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 78. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Албанците биле забележани како Арнаути.
- ↑ Васил К'нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.[мртва врска]
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Филозофски факултет-Скопје.
Надворешни врски
- Горно Количани на Ризницата
- Сателитска снимка на Горно Количани на Карти на Гугл
|