Крсте Гермов: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.5 |
|||
Ред 30: | Ред 30: | ||
{{Цитатник|''Крсте Гермов (Шаќир) беше многу способен војвода. Тој беше со образование, голем шегобиец и раскажувач на приказни и мајтапи. Тој сите кладенчиња во областа ги направил чешми и го беше крстил секое Шаќирова чешма. Тој имаше неколку псевдоними, како Шаќир, Аргир и други''<ref>„Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр.65</ref>}} |
{{Цитатник|''Крсте Гермов (Шаќир) беше многу способен војвода. Тој беше со образование, голем шегобиец и раскажувач на приказни и мајтапи. Тој сите кладенчиња во областа ги направил чешми и го беше крстил секое Шаќирова чешма. Тој имаше неколку псевдоними, како Шаќир, Аргир и други''<ref>„Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр.65</ref>}} |
||
{{Цитатник|''Прекарот Шаќир го добил по некој турски разбојник, бидејќи на турските порти во Варошко Маало во Прилеп им цртал крстови да објави дека градот е рисјански. Затоа Турците го нарекле Шаќир, по разбојникот. Имал шест прекари. Бил прв соработник на Ѓорче Петров, а на војводата Толе од Мариово му бил секретар. Непомирливиот дух за правда го терал да организира акции против насилниците врз христијанското население, а имал своја чета во Мариовско. Бил соработник на војводата Петре Ацев. По атентатот на пријателот од Прилеп, Ѓорче Петров во Софија, отишол во бугарската престолнина, посветувајќи се на поддршка на студенти со национални идеи''<ref> |
{{Цитатник|''Прекарот Шаќир го добил по некој турски разбојник, бидејќи на турските порти во Варошко Маало во Прилеп им цртал крстови да објави дека градот е рисјански. Затоа Турците го нарекле Шаќир, по разбојникот. Имал шест прекари. Бил прв соработник на Ѓорче Петров, а на војводата Толе од Мариово му бил секретар. Непомирливиот дух за правда го терал да организира акции против насилниците врз христијанското население, а имал своја чета во Мариовско. Бил соработник на војводата Петре Ацев. По атентатот на пријателот од Прилеп, Ѓорче Петров во Софија, отишол во бугарската престолнина, посветувајќи се на поддршка на студенти со национални идеи''<ref>{{Наведена мрежна страница |url=http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=983DE6521A0CE947A9053A2DEFF0D5B6&arc=1 |title=Сеќавања на неговата ќерка Нада Гермова-Бабиќ |accessdate=2007-07-22 |archive-date=2021-08-09 |archive-url=https://web.archive.org/web/20210809075254/http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=983DE6521A0CE947A9053A2DEFF0D5B6&arc=1 |url-status=dead }}</ref>}} |
||
== По востанието == |
== По востанието == |
Последна преработка од 04:46, 17 април 2024
Крсте Гермов | ||
Роден | 5 април 1868 Прилеп, Османлиска империја (денес Македонија) | |
---|---|---|
Починал | 17 декември 1962 Скопје, Македонија, СФР Југославија | |
Почивалиште | Стари градски гробишта - Прилеп | |
Познат | војвода на ТМОРО | |
Роднини | Марин Бабиќ - внук |
Крсте Гермов познат како Шакир[1] (5 април 1868, Прилеп - 17 декември 1962, Скопје) — македонски револуционер, мариовски војвода, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација. После втората светска војна учествува во раководењето на Народна република Македонија.
Животопис
[уреди | уреди извор]Гермов е роден во 1868 година во Прилеп. Работeл како кројач. Во 1901 година влегол во ТМОРО,[2] а откако во 1902 година го убил шпионот кој ја предал четата на Методи Патчев во Кадино Село, Крсте Гермов заминал во илегала, и се вклучил во четата на Петар Ацев.[2] До Илинденското востание и за време на востанието, Гермов бил секретар на мариовската чета, која била раководена од војводата Толе Паша, а кон крајот на 1903 година, по смртта на Толе Паша, го заменил и станал реонски војвода во Мариово.[2]
За време на Илинденското востание учествувал во повеќе борби против турскиот аскер, а по востанието против турскиот аскер и башибозук, исто така и српски и грчки чети.
Пролетта на 1904 година бил во придружба на Ѓорче Петров, а потоа бил заедно со војводата Никола Каранџулов. 1906 година бил уапсен од страна на турската власт и бил осуден на доживотен затвор. Одлежал две години на робија,[2] а потоа бил амнестиран од Младотурците во 1908 година. Васил Балевски за Шаќир вели:
„ | Крсте Гермов (Шаќир) беше многу способен војвода. Тој беше со образование, голем шегобиец и раскажувач на приказни и мајтапи. Тој сите кладенчиња во областа ги направил чешми и го беше крстил секое Шаќирова чешма. Тој имаше неколку псевдоними, како Шаќир, Аргир и други[3] | “ |
„ | Прекарот Шаќир го добил по некој турски разбојник, бидејќи на турските порти во Варошко Маало во Прилеп им цртал крстови да објави дека градот е рисјански. Затоа Турците го нарекле Шаќир, по разбојникот. Имал шест прекари. Бил прв соработник на Ѓорче Петров, а на војводата Толе од Мариово му бил секретар. Непомирливиот дух за правда го терал да организира акции против насилниците врз христијанското население, а имал своја чета во Мариовско. Бил соработник на војводата Петре Ацев. По атентатот на пријателот од Прилеп, Ѓорче Петров во Софија, отишол во бугарската престолнина, посветувајќи се на поддршка на студенти со национални идеи[4] | “ |
По востанието
[уреди | уреди извор]Во 1910 година во разоружувачката акција од страна на турската власт бил подложен на мачење, потоа заминал за Софија, каде отворил свое кафе, па работел и како кондуктер во Дирекцијата на трамваите.
Учествувла во Балканските војни, во македонскиот доброволен одред (Македонско-одринско ополчение). Добил орден За храброст IV ред [5]. По војната живеел во Софија.
Соработувал со списанието Македонски вести (Софија 1935-36) уредувано од Ангел Динев.
Втора светска војна
[уреди | уреди извор]По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Петар Шанданов, Михаил Герџиков и др.[6]
Се вратил во Асномска Македонија, бил избран за народен пратеник од Прилепско во Народното собрание на Македонија.
На 1 септември 1946 година во Скопје ја отворил Првата седница на Македонското народно собрание токму како Шаќир Војвода, како највозрасен народен пратеник. Починал во Скопје на 17 декември 1962, а бил погребан со високи почести во родниот град - Прилеп. Пред својата смрт војводата во разговор со Лазар Колишевски во 1961 година истакнал:
„ | ..Дојдов да ти кажам уште една работа: сите пишувате, и порано пишуваа, внатрешни, надворешни, врховисти, централисти и слично - е, па додов да ти кажам дека на Дворот (Дворецот во Софија) влегувавме сите: едни низ главната врата, други низ малата врата, некои низ капиџик, некои низ прозорец, некои преку таван, а некои богами и преку баџа! Туку да знаеш, сите влегуваа... [Трите точки се ставени од Д. Кљакиќ] освен еден човек... Таму не влезе само Гоце Делчев... [7] | “ |
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 67
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Илинденски сведоштва, том I, дел II, ДАРМ Скопје 2016, стр. 959
- ↑ „Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр.65
- ↑ „Сеќавања на неговата ќерка Нада Гермова-Бабиќ“. Архивирано од изворникот на 2021-08-09. Посетено на 2007-07-22.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 176.
- ↑ Динев, Ангел (1983). Одбрани Дела во три книги - Втора книга. Скопје: Култура - Скопје. стр. 333–337.
- ↑ Кљакиќ, Драган. Времето на Колишевски. Скопје, 1994, стр. 182.