Прејди на содржината

Стефани Мајер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот Додава: sh:Stephenie Meyer
Ред 70: Ред 70:
[[ro:Stephenie Meyer]]
[[ro:Stephenie Meyer]]
[[ru:Майер, Стефани]]
[[ru:Майер, Стефани]]
[[sh:Stephenie Meyer]]
[[simple:Stephenie Meyer]]
[[simple:Stephenie Meyer]]
[[sk:Stephenie Meyerová]]
[[sk:Stephenie Meyerová]]

Преработка од 17:41, 30 јануари 2010

Стефани Мајер
Stephenie Meyer
Роден/аСтефани Морган
24 декември 1973(1973-12-24)(50 г.)
Хартфорд, Конектикат, САД
ЗанимањеПисателка
НационалностАмериканка
мрежно место
http://www.stepheniemeyer.com/

Стефани Мајер (англиски: Stephenie Meyer) (моминско презиме Морган, родена на 24 декември, 1973) е американска писателка, позната по романтично фантастичниот серијал романи Самрак, кој е познат помеѓу младата публика. Романите Самрак се продадени со над 40 милиони копии ширум светот,[1] со превод на 37 различни јазици.[2][3] Филмската адаптација на Самрак излезе на 21 ноември, 2008. Мајер е исто така автор на фантастичниот роман за возрасни, Домаќинот.

Мајер е прогласена за најпордаваната писателка за 2008, со продадени 22 милиони книги во една година,[4] со Самрак прогласена за најпродавана книга на годината.[5]

Приватен живот

Стефани Мајер е родена во Хартфорд, Конектикат, како ќерка на Стивен и Кенди Морган. Таа пораснала во Феникс, Аризона, со три браќа и две сестри: Сет, Емили, Џејкоб, Пол и Хајди. Таа го посетувала средното училиште Чапарал во Скотсдејл, Аризона, и универзитетот Бригам во Прово, Ута, каде што добила Писателско Признание за Англиски во 1995.[6] Мејер, член на Црквата на Исус Христос на Подоцните Светци, го запознала својот сопруг Кристијан, со прекар „Панчо“, кога растела во Аризона, и се венчала со него во 1994. Тие заедно имаат три сина: Гејб, Сет и Илај.

Самрак

Мајер вели дека идејата за Самрак и дошла во сон на 2 јуни, 2003. Сонот бил за смртна девојка и вампир кој бил вљубен во неа, но исто така и жеден за нејзината крв. Базирано на овој сон, Мејер напишала транскрипт што сега се наоѓа во книгата како 13 Поглавје. Покрај тоа што немала многу големо искуство во пишување, таа успева за време од три месеци да го претвори тој визионерски сон во целосен роман. Откако го напишала и уредила романот, таа потпишала договор за три книги со „Little, Brown and Company“ за 750,000 долари. Книгата беше објавена во 2005.

Референции

  1. Предлошка:Цитирана веб страница
  2. Claudia Parsons (2008-11-20). "Twilight" publisher sees film boosting book sales“. Yahoo!. Посетено на 2008-11-21.
  3. Предлошка:Цитирана веб страница
  4. Bob Minzesheimer and Anthony DeBarros (2009-01-15). „Sellers basked in Stephenie Meyer's 'Twilight' in 2008“. USA Today. Посетено на 2009-01-16.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
  5. Предлошка:Цитирана веб страница
  6. Предлошка:Цитирана веб страница

Надворешни врски

Викицитат има збирка цитати поврзани со: