Прејди на содржината

Крсте Гермов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крсто Гермов
Роден 1868
Прилеп, Македонија, Отоманска Империја
Починал 1962
Скопје, Македонија
Познат војвода на ТМОРО


Крсте Гермов познат и како Шаќир војвода е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. После втората светска војна учествува во раководењето на Народна република Македонија.

Биографија

Работeл како кројач. Во 1901 год. влегува во ТМОРО, во четата на Петар Ацев, а потоа станува секретар во четата на Толе паша, како и реонски војвода во Мариово. За време на Илинденското востание учествувал во повеќе борби против турскиот аскер, а по востанието против турскиот аскер и башибозук, исто така и против бугарски, српски и грчки чети. Пролетта на 1904 година е во придружба на Ѓорче Петров, а потоа е заедно со војводата Никола Каранџулов. 1906 година е уапсен од страна на турската власт и осуден на доживотен затвор, амнестиран е од младотурците во 1908 година. Васил Балевски за Шакир вели:

Крсте Гермов (Шакира) беше многу способен војвода. Тој беше со образование, голем шегобиец и раскажувач на приказни и мајатапи. Тој беше направил сите кладенчета во областа со чешми и ги беше крстил секое Шекирова чешма. Тој имаше неколку псевдонимот, како Шакира, Аргир и други[1]

По востанието

Во 1910 година во разоружителната акција од страна на турската власт е подложен на мачење, потоа заминува за Софија, каде отвора свое кафе, па работи и како кондуктер во Дирекцијата на трамваите. Учествува во балканските војни, во бугарската (Македонско-одринско ополчение). Има добиен орден За храброст IV ред [2]. По војната живее во Софија. Соработува со списанието Македонски вести (Софија 1935-36) уредувано од Ангел Динев. Доаѓа во Асномска Македонија, бил избран за народен пратеник од Прилепско во Народното собрание на Македонија. На 01.09.1946 година во Скопје ја отворил Првата седница на Македонското народно собрание токму Шаќир Војвода како највозрасен народен пратеник. Починал во Скопје на 17 декември 1962, а погребан е со високи почести во родниот град - Прилеп.

Извори

  1. „Спомени на двама четници на ВМОРО 1904-1908“, „Акшеана 2007“, София, 2008 г., стр.65
  2. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 176.

Надворешни врски

Предлошка:МРО