Прејди на содржината

Куширо Хајаши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куширо Хајаши
Роден(а)25 јули 1920
Починал(а)28 февруари 2010
Кјото
НационалностЈапонец
Полињаастрофизичар
УстановиКјото универзитет
ОбразованиеУниверзитет Токио
Влијание одЈукава
Поважни награди„Едингтон медаља“ во 1970
„Кјото награда“ во 1995
„Брус медаља“ во 2004

Куширо Хајаши (林忠四郎) (роден 25 јули 1920 - почина на 28 февруари 2010 во Кјото) беше јапонски астрофизичар. Хајаши патеката од Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм е наречена по него.

Има добиено „Едингтон медаља“ во 1970 година, „Кјото награда“ во 1995, и „Брус медаља“ во 2004 година.

Докторирал физика на Универзитетот во Токио во 1942 година. Работи како истражувач на универзитетот Осака. Направил измени во биг бенг нуклеосинтетичкиот модел.[1] Негово најпознато дело се астрофизичките пресметки кои довеле до Хајаши патеката од ѕвездената еволуција,[2] како и Хајаши ограничувањето кое поставува ограничување на радиусот на ѕвездите. Се занимавал и со проучување на кафеавите џуџиња, најмалите ѕвезди.[3]

Хајаши се пензионирал во 1984 година. Почина на 28 февруари 2010 година во Кјото.[4]

Наводи

  1. Предлошка:Цитирано списание
  2. Предлошка:Цитирано списание
  3. Предлошка:Цитирано списание
  4. „Award-winning Japanese astrophysicist Hayashi dies at 89“. Kyodo. 1 март 2010. Посетено на 1 март 2010.

Надворешни врски