Холандски гулден
Холандски гулден | |
---|---|
Nederlandse gulden (холандски) | |
ISO 4217 | |
Код | NLG |
Составници | |
Подединица | |
1/100 | Цент |
Множина | гулдени |
Цент | центи |
Симбол | ƒ или fl. |
Банкноти | ƒ5, ƒ10, ƒ25, ƒ50, ƒ100, ƒ250, ƒ1000 |
Монети | |
Чести | 5c, 10c, 25c, ƒ1, ƒ2½, ƒ5 |
Ретки | 1c (повлечен на 1 март 1983, ½c, 2½c повлечен 1948) |
Демографија | |
Корисник/ци | Холандија (до 2002) Холандски Антили (до 1940) Суринам (до 1962) Белгија (до 1832) Луксембург (до 1839) |
Издавач | |
Централна банка | De Nederlandsche Bank |
Мреж. место | www.dnb.nl |
Печатар | Joh. Enschedé |
Мреж. место | www.joh-enschede.nl |
Ковачница | Royal Dutch Mint |
Мреж. место | www.knm.nl |
Вредност | |
Инфлација | 2,6% |
Извор | worldpress.org, 2000 est. |
ЕРМ | |
Од | 13 март 1979 |
Врзан курс од | 31 декември 1998 |
Заменета со €, неготовински | 1 јануари 1999 |
Заменета со €, готовински | 1 јануари 2002 |
€ = | ƒ2.20371 |
Холандски гулден или холандски флорин (хол. Nederlandse gulden) (ISO 4217: NLG нумерички код: 528) е поранешна национална валута на Холандија.
На 1 јануари 1999 год. тој бил заменет од еврото као сметководствена валута. Замената на парите во оптек била извршена на 1 јануари 2002 година. Како законско срдство за плаќање гулденот важел до 28 јануари 2002 година.
Ознаката на валутата ƒ потекнувала од една постара валута - флорин (хол. florijn).
Историја
Грофот Вилхелм V од Холандија и Зеланд прв ги исковал гулдените во Холандија во 1378 година. Поедини кнезови исто така ковале гулдени. Холандската држава настанала во 1581 год. со основањето на Републиката на седумте обединети провинции. Гулдените во Холандија биле ковани од 1601 година. Во 1814 година бил преуреден монетарниот систем во Обединетото Кралство Холандија.
Холандската национална банка прва во Холандија почнала да печати хартиени пари. Овие банкноти станале законско средство за плаќање во 1904 година.
-
Банкнота од 25 гулдени од 1861 г.
-
Банкнота од 100 гулдени од 1921 г.
-
Банкнота од 10 гулдени од 1930 г.
Монети и банкноти од 1945 до 2000 г.
До воведувањето на еврото во оптек биле:
- монети: 5 центи (Stuiver), 10 центи (Dubbeltje), 25 центи (Kwartje), 1, 2½ (Rijksdaalder), 5 гулдени
Монетите од ½ цент биле повлечени од оптек во 1948 г.; оние од 1 цент биле укинати на 1 март 1983 г.
Монетите од 5 гулдени во употреба биле воведени на 1 мај 1988 год. - банкноти: 10, 25, 50, 100, 250, 1000 гулдени
Банкнотите од 20 гулдени важеле до 1970 год.; банкнотите од 5 гулдени биле повлечени од оптек во 1990 год.
Банкнотите од 50 гулдени се појавиле во 1981 год., а оние од 250 гулдени во 1986 година.
Воведување на еврото
Курсот за размена изнесувал 1 Euro = 2,20371 NLG[1] . ISO 4217 ознаката на валутата била NLG. Монетите се разменувале до 1 јануари 2007, додека рокот за банкнотите е до 1 јануари 2032 г.
Гулденот, како валута, сè уште постои на Аруба (арупски флорин) и на другите холандски острови во Карибите (Холандскоантилски гулден).
Наводи
- ↑ „Rules for exchanging guilder notes“. De Nederlandsche Bank. Посетено на 26 мај 2011.