Прејди на содржината

Андреј Жерновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андреј Жерновски
Градоначалник на Општина Центар
На должноста
2013 – во служба
Претходник Владимир Тодоровиќ
Наследник нема
Лични податоци
Роден(а) 26 ноември 1968
Скопје
Националност Македонец
Партија ЛДП
Сопружник Олгица Жерновска
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Професија Градежен инженер
Вероисповед Православен

Андреј Жерновски (роден на 26 ноември 1968 во Скопје) е македонски политичар и актуелен градоначалник на Општина Центар.[1] Тој исто така ја извршува и претседателската функција во неговата партија ЛДП, а пред тоа бил нејзин потпретседател.[2]

Првото негово политичко искуство било како советник во Советот на Град Скопје (1996-2000). Следните две години бил советник на тогашниот градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов. Жерновски потоа бил пратеник во Собранието на Република Македонија во три мандати (2002-2006, 2006-2008, 2008-2011). По професија е дипломиран градежен инженер, а живее во Скопје. Оженет е и е татко на две деца.

Беше кандидат за градоначалник од опозицискиот „Сојуз за иднината“ на локалните избори 2013, каде бил прогласен за победник во Центар по три изборни круга.[3] За противкандидат го имал Владимир Тодоровиќ, кој се тркал за втор градоначалнички мандат, а по прегласувањето Жерновски остварил победа со околу 3 илјади гласови разлика.[4] По преземањето на новата функција, Жерновски најавил ревизија на проектот „Скопје 2014“ со цел да се истражат финансиските детаљи и склучени договори на општината.[5]

Наводи

Надворешни врски