Генералисимус
Генералисимус е највисок можен воен чин, над фелдмаршал или гросадмирал.
Употреба
Зборот „генералисимус“ доаѓа од латинскиот јазик, со значење „најглавен“. Овој чин историски се давал на воен офицер кој водел цела армија или сите вооружени сили, кој одговара само пред суверениот. Извесни врховни команданти не биле генералисимуси, туку други генералисимуси служеле кај нив.
Познати генералисимуси
Венеција
- Пјетро Лоредан (?–1439)
Други Италијанци
- Чезаре Боргија (1475-1505)
- Виктор Емануел III (1900 - 1947)
Венецуела
- Франциско де Миранда (1750–1816)
Германија
Република Кина
- Чанг Кај Шек (1887–1975)
Куба
- Максимо Гомез и Баез (1836–1905)
Мексико
- Антонио Лопез Де Санта Ана и Перез де Леброн (1794–1876)
Обединето Кралство
- Артур Велезли, Прв Војвода од Велингтон (командувал со сите сојузнички сили во Шпанија за време на Шпанската војна за независност во Наполеонските војни).
Полска
- Јержи Осолински (1643–1648)
- Јозеф Поњатовски (1763 - 1813)
Русија и СССР
На овие простори, пред XX век постоеле четири лица со титулата „генералисимус“. Меншиков командувал со воружените сили и владеел апсолутно; двајца други, Алексеј Шеин и Александар Суворов биле воени заповедници, но не и политички моќници, па затоа се наведени подолу. Антон Улрих Брауншвајшки (1714–1776), бил назначен за генералисимус од неговата жена Ана Леополдовна, но ниту командувал, ниту владеел.
- Алекеј Шеин (1662–1700)
- Александар Данилович Меншиков (1673–1729)
- Антон Улрих Брауншвајшки (1714–1776)
- Александар Суворов (1729–1800)
- Јосиф Сталин (1879–1953) самопрогласен „Врховен маршал на Советскиот Сојуз“ (без воено искуство).
САД
- Џорџ Вашингтон, Генерал на армиите на САД (1732–1799)
- Џон Џозеф Першинг, Генерал на армиите (1860–1948)
- Џорџ Дјуи, Адмирал на морнарицата (1837–1917)
Света Римска империја / Австриско царство
- Албрехт фон Валенштајн (1583–1634)
- Рајмондо Монтекучоли (1609–1680)
- Евген Савојски (1663–1736)
- Леополд Јозеф Даун (1705–1766)
- Јозеф Венцел (1696–1772)
- Надвојвода Карл Австриски (1771–1847)
- Карл цу Шварценберг (1771–1820)
Франција
- Анри III (1551–1589)
- Анри I де Гиз (1550–1588)
- Луј II Бурбон од Конде (1621–1688)
- Тирен (1611–1675)
- Клод Луј Ектор де Вилар (1653–1734)
- Мориц Саксонски (1696–1750)
- Никола Жан де Дјо Султ (1760–1851)
- Фердинанд Фош (1851–1929), врховен командант на Антантата
- Морис Гамелен (1872–1958)
Шведска
- Ленарт Торстенсон (1603–1651)
- Карл X Густав (1648-1660, за војската во Германија)
- Принц-престолонаследник Јохан на Шведска и Норвешка (Жан-Баптист Бернадот), подоцна Карл XIV Јохан, крал на Шведска и Норвешка (1763–1844)
Кралство Шпанија
- Хуан Австриски (1547–1578)
- Франциско Франко (1892–1975)
Времено Балдомеро Еспартеро и Принцот на мирот, Мануел Годој, биле нарекувани генералисимус.