Казандол
Казандол е село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Казандол | |
Општина | Општина Валандово |
Шифра на КО | 04012 |
Надм. вис. | 359 м |
Казандол на општинската карта Атарот на Казандол во рамките на општината | |
Казандол на Ризницата |
Географиja и местоположба
Селото Казандол се наоѓа во областа Бојмија, оддалечено 7 километри јужно од градот Валандово сместена на едно од голите ридчиња што ги има околу селото на надморска висина од 500 метри. Селото има умерена пријатна планинска клима за жешкото југоисточно поднебје на Македонија.
Етимологија
Името потекнува од два турски збора: Кизил- доган , Kizildogan, кзил - (црвен, црвеникав, румен,). И вториот збор dol-dolu, што значи полно, многу го има, во изобилство. Се мисли на бакарната руда што ја има околу селото. Вторта везија исто така потекнува од два турски збора; Кизил - (црвен, црвеникав, румен), доган - (орел, еден вид граблива птица).
Историja
Економија
Демографија
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja. Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Казандол живееле 920 жители, сите Турци.[1]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Казан Дуванли живеат 849 жители, сите Турци.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 147 жители, сите Турци. Следува табела на националната структура на населението[3]
На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1916 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 920[1] | 849[2] | 1.075 | 1.218 | 409 | 124 | 124 | 157 | 152 | 147 |
До 1953 година, Казандол било големо село, но по масовното иселување на турското население во Турција, преминало во мало село со само 17 домаќинства во 2002 година.
Општествени институции
Администрација и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Надворешни врски
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
- ↑ 2,0 2,1 Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.