1780-ти
Изглед
< 1770-ти | 1780-ти | 1790-ти > | |||||||
1780 | 1781 | 1782 | 1783 | 1784 | 1785 | 1786 | 1787 | 1788 | 1789 |
Настани
- 1783 — во Франција изведени првите летови со балони на гас и топол воздух.
- 1783 — завршила Американската војна за независност.
- 1785 — Јосиф II го укинал кметството во Унгарија.
- 1787 — САД го добиле уставот.
- 1787 — ослободени робови од Лондон го основале Фритаун.
- 1788 — Обединетото Кралство Велика Британија основало затвореничка колонија во Нов Јужен Велс, Австралија.
- 1788 — почнала Дубичката војна, последната голема војна меѓу Хабсбуршката Монархија и Отоманското Царство.
- 1789 — со падот на Бастилја започнала Француската револуција.
- 1789 — Џорџ Вашингтон избран за прв претседател на САД.
- 1781 — Имануел Кант ја објавил Критика на чистиот ум.
Личности
Личности од Македонија
Родени
- 1780-ти - роден Петре Филипов-Гарката македонски зограф.
Починати
- 1780 — починат Свети Кипријан Слепченски, македонски православен светител.
Личности од светот
Родени
- 1780 — роден Пјер Жан де Беранже, француски поет.
- 1780 — роден Милован Видаковиќ, српски писател.
- 1780 — роден Евгениј II Цариградски, вселенски патријарх од 1821 до 1822 година.
- 1780 — роден Јернеј Копитар, словенечки преродбеник и угледен австриски славист, автор на првата научна словенечка граматика, издавач на стари словенски споменици и значаен помагач на филолошкото дело на Вук Караџиќ.
- 1780 — роден Решид Мехмед-паша, османлиски државник и генерал кој се издигнал на позицијата голем везир во првата половина на XIX век, и имал важна улога во Грчката војна за независност.
- 1780 — роден Мехмед Емин Рауф-паша, голем везир на Отоманската Империја, двапати под Махмуд II „Адли“ (вл. 1808–1839) и трипати под Абдул Меџит I (вл. 1839–1861).
- 1780 — роден Шарл Нодје, француски писател, романописец и академик].
- 1781 — роден Симеон Дени Поасон, француски математичар, геометар и физичар.
- 1781 — роден Џорџ Стивенсон, англиски инженер – пронаоѓач.
- 1781 — роден Карл Фридрих Шинкел, пруски архитект, урбанист, сликар, сценограф и мебелист.
- 1782 — роден Винсенте Гереро, еден од лидерите на бунтот во војната за независност на Мексико (1810-1821).
- 1782 — роден Николо Паганини, [италија]]нски виртуоз на виолина и композитор.
- 1782 — роден Џон Филд, ирски композитор и пијанист.
- 1783 — роден Симон Боливар, латиноамерикански револуционер, национален херој и предводник на борбите за независност на повеќе јужноамерикански држави: Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу, Панама и Боливија.
- 1783 — роден Василиј Жуковски, руски поет, еден од основачите на романтизмот во руската поезија, преведувач и критичар.
- 1783 — роден Вашингтон Ирвинг, [САД|американски]] писател, есеист, биограф и историчар од раниот 19 век.
- 1783 — родена Надежда Дурова, маскирана како маж станала војник од висок ранг во Руската коњица за време на Наполеоновите војни.
- 1783 — роден Стендал, француски писател, основоположник на големата епоха на францускиот реализам.
- 1784 — роден Дионисио Агуадо, шпански класичен гитарист и композитор од времето на романтизмот.
- 1784 — роден Фридрих Вилхелм Бесел, германски математичар, астроном и систематичар во Беселовите функции (кој ги открил Даниел Бернули).
- 1784 — роден Лео фон Кленце, германски неокласицистички архитект, сликар и писател.
- 1784 — роден Осип Бове, руски архитект, претставник на класицизмот, познат по обновувањето на Москва по пожарот во 1812 година.
- 1784 — роден Фернандо VII, [Листа на шпански кралеви|крал на Шпанија]] во 1808 година за краток период бидејќи бил симнат од тронот под притисок на Наполеон Бонапарт. Повторно како крал управувал од периодот помеѓу 1814 до 1833 година.
- 1785 — роден Антим IV Цариградски, вселенски патријарх во два наврати во периодот меѓу 1840 и 1841 година, и во периодот од 1848 до 1852 година.
- 1785 — роден Махмуд II, триесеттиот султан на Отоманската Империја во периодот од 1808 до 1839 година.
- 1786 — роден Карл Марија фон Вебер, германски композитор, диригент и пијанист.
- 1787 — роден Едвард Блор, британски архитект и старинар.
- 1787 — роден Вук Стефановиќ Караџиќ, српски лингвист и голем реформатор на српскиот јазик и азбука.
- 1787 — роден Јохан Готлиб Неремберг, германски физичар.
- 1788 — роден Џорџ Гордон Бајрон, шестиот барон Бајрон, англо-шкотски поет и водечка фигура во романтизмот.
- 1788 — роден Joжeф Кoшич, словенечки автор, eтимолог, лингвист и католички свештеник, од xрватско пoтeкло.
- 1788 — роден Карл фон Базедов, германски лекар и научник.
- 1788 — роден Михаил Лазарев, руски морнарски службеник и истражувач.
- 1788 — роден Огистен-Жан Френел, француски инженер и физичар.
- 1788 — роден Артур Шопенхауер, германски филозоф.
- 1789 — роден Огистен Луј Коши, француски математичар кој е познат како основоположник на анализата.
- 1789 — роден Георг Ом, германски физичар.
Починати
- 1780 — почината Марија Терезија, хабзбуршка царица.
- 1780 — починат Софрониј II Цариградски, вселенски патријарх по потекло од Алеп, Сирија, началствувал во периодот од 1775 до 1780 година.
- 1782 — починат Анж Жак Габриел, француски архитект, главен архитект на дворот на кралот Луј XV, стекнувајќи се со чинот на прв кралски артхитект.
- 1782 — починат Даниел Бернули, швајцарски лекар, физичар и математичар.
- 1782 — починат Ен Бони, жена од Ирска која станала познат пират, и дејствувала во реонот на Карибите.
- 1783 — починат Жан ле Рон Даламбер, француски математичар, физичар и филозоф.
- 1784 — почината Филис Витли, првата афроамериканска поетеса и првата афроамериканска жена чии дела биле објавени.
- 1784 — починат Дени Дидро, француски писател и филозоф, важна фигура во просветителството и главен уредник на „Енцикопедијата“.
- 1785 — починат Гаврил IV Цариградски, вселенски патријарх во периодот од 1780 до 1785 година.
- 1787 — починат Руѓер Бошковиќ, хрватски физичар, математичар, астроном, филозоф и дипломат.
- 1787 — починат Вилибалд Глук, германски оперски композитор и диригент.
- 1787 — починат Фердинандо Галијани, италијански економист и истакнат деец на просветителството.
- 1787 — починат Леополд Моцарт, австриски композитор, татко на Волфганг Амадеус Моцарт.
- 1788 — починат Томас Гејнсборо, британски портретист и пределен уметник во XVIII век.
- 1788 — починат Карло III, крал на Шпанија во периодот од 1759 до 1788 година, крал на Неапол (како Карл VII) и Сицилија (како Карл V) од 1735 до 1759 година и херцог на Парма (како Карло I) од 1732 до 1735 година.
- 1788 — починат Морис Кантен де Ла Тур, француски портретист кој работел во стилот рококо.
- 1788 — починат Џовани Доменико Маралди, италијанско-француски астроном.
- 1789 — починат Абдул Хамид I, бил дваесет и седмиот султан на Отоманската Империја во периодот од 1774 до 1789 година.
Откритија
- ...