Јастребник
Јастребник | |
Јастребник - маалото Чуриљак | |
Координати 41°59′29″N 22°24′31″E / 41.99139° СГШ; 22.40861° ИГД | |
Општина | Општина Кочани |
Шифра на КО | 13016 |
Надм. вис. | 950 м м |
Јастребник на општинската карта Атарот на Јастребник во рамките на општината | |
Јастребник на Ризницата |
Јастребник е село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.
Географиja и местоположба
Селото се наоѓа на 950 метри надморска височина, на јужните падини на Осоговските Планини. Селото има 9 маала и тоа: Чорбаџии, Старо село, Горна Маала, Долна Маала, Падини, Горни, Долни, Чуриљак и Семревец. Населението изнесува околу 50 жители, од кои постојани се десетина. Останатите се преселени во Кочани. Сепак, забрзаната изградба на инфраструктурата што ја прави Локалната самоуправа во последните неколку години постепено го враќа животот во селото
Историja
Демографија
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Јастребник живееле 210 жители, сите Македонци.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јастребник имало 264 Македонци, егзархисти.[2]
Според пописот од 2002 година, селото има 23 домаќинства со 34 куќи и 48 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 210[1] | 264[2] | 396 | 444 | 401 | 341 | 168 | 86 | 66 | 48 |
Родови
Јастребник е македонско село.
Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се
- Доселеници: Долномалци (8 к.) најстар род во селото. Доселени се пред околу 260 години, однекаде; Староселци или Славковци (7 к.) доселени се од селото Припечани кај Штип. Ја знаат следната генеологија Глигор (жив на 51 год. во 1960 година) Димитрија-Филип-Анѓелко-Славко, предокот кој се доселил; Чорбаџици (6 к.) доселени се од селото Драмче кај Делчево. Ја знаат следната генеологија Велко (жив на 54 год. во 1960 година) Јован-Стојко-Ангел-Велко-Јанко, се доселил неговиот татко; Цемревци (10 к.), Падинчани (7 к.), Чуриленчани (6 к.), Рајати (5 к.) и Горномалци (5 к.) доселени се однекаде.[5]
Општествени институции
Во селото постои центар за валоризација на културното наследство кој е сместен во старата училишна зграда која е преадаптирана. Ова било проект на италијанската влада и градот Кочани. Проектот чинел 33.000 евра и се реализирал во период од 10 месеци. Основната идеја е да се создаде пункт во кој ќе бидат претставени сегменти од материјалното и културно наследство од Осоговскиот крај. Центарот има уште две функции - да биде појдовно место на посетителите и туристите кои ќе пешачат по веќе трасираната планинарска патека што води кон Пониква и во исто време да биде појдовна точка за развој на селскиот туризам во овој крај.[6]
Во посебната збирка на центарот изложени се стари предмети од дрво, глина и метал, како и машки и женски носии, постари и по стотина години.[7]
Администрација и политика
Во селото постои изборното место бр. 0868 според Државната изборна комисија.које сместено во објектот на село с.јастребник
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 21 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Во селото Јастребник, поточно во неговото маало Чуриљак има воден габер - дрво старо повеќе од 5 века.[8] Дрвото има пречник од 2,5 метри, со обем околу 6 метри. Местото каде што изникнал габерот е долче од кое подолу настанува Мала Река, која заедно со Голема Река се влеваат во акумулацијата Гратче и ја создаваат Крива или Кочанска Река. Под неговиот корен извира вода, а селаните одамна направиле покриен кладенец од кој црпеле студена планинска вода. Целата околина на дрвото е богато со вода, а уште од дамнина овде се напојувала и стоката во селото. Дрвото сe уште е живо, иако постепено се суши, особено подолните гранки. Сепак, над 80% од стеблото и понатаму е витално и со својата огромна крошна фрла дебела сенка на местото каде стои со стотици години.
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, 132-133.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ Пуштен во употреба туристички центар во село Јастребник, кочанско
- ↑ Во кочанското село Јастребник изложена етнолошка збирка од Осоговијата -МИА
- ↑ За водниот габер стар над 5 века