Уларци
Уларци | |
Координати 41°51′32″N 22°15′51″E / 41.85889° СГШ; 22.26417° ИГД | |
Општина | Чешиново-Облешево |
Шифра на КО | 13042 |
Надм. вис. | 284 м |
Уларци на општинската карта Атарот на Уларци во рамките на општината | |
Уларци на Ризницата |
- За велешкото село со сличен назив видете Уланци
Уларци — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани.
Географиja и местоположба
Селото се наоѓа во Кочанското Поле, западно од градот Кочани.
Историja
На крајот на 19 век селото било дел од Штипската каза на Отоманската Империја. Според податоците на бугарскиот етниграф Васил К'нчов, селото во 1900 година имало 144 Македонци. Според бугарскиот публицист Димитар Мишев, во 1905 година селото имало 208 христијани.
На 14 октомври 1944 година германскиот окупатор во селото извршил убиство на 25 лица, во склоп на серијата масовни убиства што ги извршил во Штипско, Кочанско и Повардарието во тој период.[1]
Стопанство
Главна стопанска гранка во селото е земјоделството.
Демографија
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Уларци живееле 540 жители, сите Македонци.[2]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Уларци имало 208 Македонци, егзархисти.[3]
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 366 жители Македонци.[4]
На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 144[2] | 208[3] | 334 | 351 | 465 | 503 | 516 | 427 | 378 | 366 |
Обршани
Администрација и политика
Изборно место
Во селото постои изборното место бр. 884 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 220 гласачи.[7]
Наводи
- ↑ Павле Ананиев и др. (ур.) „Загинаа за да живеат 1941-1945“, Кочани, 1981, 97-104 стр.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Поврзано
Надворешни врски
- Сателитска снимка на Уларци на Google Maps.
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|