Прејди на содржината

Колицко

Координати: 42°1′1″N 21°48′56″E / 42.01694° СГШ; 21.81556° ИГД / 42.01694; 21.81556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 11:56, 8 јуни 2020; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Надворешни врски: Ставена предлошка за Ризницата во поднаслов „Надворешни врски“ using AWB)

Колицко — село во Општина Куманово.

Колицко
Колицко во рамките на Македонија
Колицко
Местоположба на Колицко во Македонија
Колицко на карта

Карта

Координати 42°1′1″N 21°48′56″E / 42.01694° СГШ; 21.81556° ИГД / 42.01694; 21.81556
Општина Куманово
Шифра на КО 17050
Колицко на општинската карта

Атарот на Колицко во рамките на општината
Колицко на Ризницата

Географиja и местоположба

Колицко — село во Областа Овче Поле. Во близина на градот Куманово, од кое е одалечено 21км, Колицко граничи со селата: Скачковце и Орашац на север и североисток, Габреш на исток, Длга на запад, и Живиње на југ. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Голем гољак, Брајански рид, Леви Дол, Пејкова падина, итн.

Историja

Во XIX век, Колицко се наоѓало во Кумановската каза, нахија Овче Поле, во Отоманското Царство.

Стопанство

Демографија

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Колицко имало 145 жители, сите Македонци христијани.[1] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колицко имало 68 жители.

Родови

Колицко е македонско православно село, родовите во се староседелци кои живееле во старото село Колицко и доселеници.

Родови во Колицко се: Банковци (18 куќи), Вучковци (16 куќи), Антевци (12 куќи) и Пауновци (2 куќи) староседелци, кои живеееле во старото село Колицко, од каде ја поместиле положбата на селото околу 1770 година. Во родот Банковци се знае следната генеологија: Љубе (жив на 50 год. во 1971 година) Милан-Аце-Максим-Младен-?-Банко, кој се поместил од старо Колицко; Ѓуревци (1 куќа) и Кузе (1 куќа) првите се доселени од соседното село Скачковце, а вторите од селото Мургаш, доселени се пред 1912 година; Пешевци (2 куќи) доселени се од кривопаланечкото село Радибуш во 1921 година; Станојовци (1 куќа) доселени се 1930 година од селото Стајовци, во Горна Пчиња, денес во Србија.[2]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Постари иселеници има во некои кумановски села. А после Втората светска војна населението воглавно се иселило во Куманово.[2]

Наводи

  1. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  2. 2,0 2,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје. стр. 151-152-153.

Надворешни врски