Бела Црква
Бела Црква | |
Координати 41°16′50″N 21°20′43″E / 41.28056° СГШ; 21.34528° ИГД | |
Регион | Прилепско Поле |
Општина | Кривогаштани |
Население | 498 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 20003 |
Надм. вис. | 572 м |
Бела Црква на општинската карта Атарот на Бела Црква во рамките на општината | |
Бела Црква на Ризницата |
Бела Црква — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.
Географиja и местоположба
Бела Црква се наоѓа во Прилепското Поле, во западниот дел на Пелагонија. Низ Бела Црква тече Црна Река, а околу неа има големо поле кое го обработуваат селаните на ова рамничарско село. Бела Црква е оддалечена 21 километар од градот Прилеп, а 9 километри од општинскиот центар Кривогаштани. Селото е споено со соседното село Воѓани.
Историja
Пред многу години, за време на голема поплава на Црна Река кога се било поплавено и не се гледало ништо освен во рамнината една бела црква и луѓето се собрале таму па местото останало да се вика Бела Црква.
Во пишаните извори, Бела Црква за првпат се споменува во 1335 година, кога кралот Стефан Душан го прилoжил селото на манастирот Трескавец.[2]
Демографија
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Бела Црква живееле 500 жители, сите Македонци.[3]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бела Црква имало 352 Македонци, егзархисти.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Бела Црква живеат 498 жители, сите Македонци.[5]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500[3] | 352[4] | 882 | 930 | 907 | 831 | 807 | 687 | 530 | 498 |
Бела Црква во текот на годините со постепена миграција преминало од голема во средна по големина населба.
Родови
Бела Црква е македонско село.
Според податоците од 1955 година, родови во селото се:[7]
- Доселеници: Кукевци или Шереметковци (30 к.), Грујовци (1 к.), Станковци (20 к.) и Шипинковци (13 к.) потекнуваат од основачот на селото. Доселени се од селото Смилево во Железник. Не се по потекло Мијаци; Танушевци (17 к.) доселени се од селото Лесково во Железник. Имаат иселеници во Воѓани (Ѓоревци и Благодушовци); Шефтеровци (27 к.) за нив се мисли дека се доселени од некое село во охридско; Сидоровци (8 к.) деленици се од Танушевци; Трпеновци (3 к.) доселени се од Крушево. Таму имаат роднини.
Самоуправа и политика
Изборно место
Во селото постои изборното место бр. 1514 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на младински дом.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 391 гласачи.[9]
Редовни настани
Секоја година на верскиот православен празник Водици секоја година се одржува прослава со познати македонски пејачи. Досега настапувале познати имиња како : Благоја Грујоски, Сузана Спасовска, Јасмина Мукаетова, Гоце Арнаудов, Ирена Спасовска и др.
Личности
- Ангел Неданов Танушев — селски војвода на ВМРО, кој со својата чета учествува во битката кај Мечкин Камен во одредот на Питу Гули
Иселеништво
Од селото Бела Црква има многу луѓе кои живеат во странство како во: Америка, Австралија, Канада и други држави, а луѓето и ден денес се враќаат во Бела Црква.
Поврзано
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Ф. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Српска академија наука и уметности. стр. 341.
- ↑ 3,0 3,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.237.
- ↑ 4,0 4,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Trifunoski, Jovan F., 1914-1997. (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 86-7025-267-8. OCLC 469501519.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
- Сателитска снимка на Бела Црква на Google Maps.
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|