Прејди на содржината

Лескоец (Охридско)

Координати: 41°9′1″N 20°49′41″E / 41.15028° СГШ; 20.82806° ИГД / 41.15028; 20.82806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лескоец

Поглед на селото

Лескоец во рамките на Македонија
Лескоец
Местоположба на Лескоец во Македонија
Лескоец на карта

Карта

Координати 41°9′1″N 20°49′41″E / 41.15028° СГШ; 20.82806° ИГД / 41.15028; 20.82806
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 2.595[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 6306
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19025
Надм. вис. 865 м
Слава Спасовден
Лескоец на општинската карта

Атарот на Лескоец во рамките на општината
Лескоец на Ризницата

Лескоец — село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.

Географија и местоположба

Обновени куќи во селото

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, недалеку од самиот град Охрид и од патот Охрид-Ресен.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 820 метри.[3]

Селото е сместено северно од градот Охрид. Поради близина со градот ја загубило својата земјоделска функција. Промената на типот на селото може да се забележи и во изгледот на куќите. Стари куќи може да се забележат само во стариот напуштен дел на селото, кој се наоѓа во источно од денешното село.[4] Селото поседува водовод.

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Ливадица, Прлица, Кадриица, Василица, Белио, Вршек, Бело Орли, Црна Нива, Леше, Горица, Сува Чешма, Злинка, Гала и Корабица.[4]

Од градот Охрид е оддалечено два километри во северна насока.

Историja

Народното предание кажува дека селото влегува во најстарите села во Охридско. Најпрвин, било мало селце сместено на стрмно брдо, на месноста викана Белио. Таму се наоѓала и црква. Бидејќи тоа село било постојано мета на грабежи, селаните ги преместиле куќите подолу. Со тоа можеле да ја обработуваат земјата во чифлиците.[4]

Во XIX век, Лескоец било село во Охридската каза, на Отоманското Царство.

До 1912 година, земјата во полето припаѓала на Турци од градот Охрид, а своја земја мештаните имале единствено на планинските падини.[4]

До крајот на Втората светска војна, Лескоец било мало село, сместено на блага падина, источно од денешната населба. Меѓутоа, по 1955 година, во Лескоец се доселил значителен број од планинските села Скребатно, Завој, Опеница и Сирула. Нивните куќи ги граделе западно од стариот дел на селото, односно во близина на патот Охрид-Ресен. Подоцна, таму се преместиле и мештаните од стариот дел на селото.[4]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 7,9 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 351 хектар, на пасиштата отпаѓаат 233 хектари, а на шумите само 13 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

До крајот на Втората светска војна, селаните се занимавале со сточарство и со земјоделство. Најмногу се одгледувале суви култури, бидејќи во полето немало вода за наводнување. Биле обработувани и падините источно од селото. По војната, работите се промениле и голем дел од мештаните се вработиле.[4]

Исто така, селото било познато по производството на вар. Подоцна, тој се продавал во градовите Охрид, Ресен и Битола.[4]

Население

Во книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Истанбул во 1878 година, во која е прикажена статистиката на машкото население од 1873 година, селото е посочено со 35 домаќинства и 108 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лескоец живееле 200 жители, сите Македонци.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Лескоец имало 240 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

Лескоец е село со значителна имиграција на населението поради што тоа преминало од средно во големо село. Во 1961 година броело 659 жители, додека во 1994 година бројот на населението се зголемил на 2.668 жители, од кои 2.651 Македонец, осум Срби и девет жители останати.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Лескоец живееле 2.595 жители, од кои 2.561 Македонец, 8 Срби, 3 Власи и 23 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 200 240 379 417 659 1.339 2.357 3.082 2.668 2.595
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Лескоец е македонско православно село, кое е едно од поголемите села во Охридско. Родовите во селото се староседелски и доселенички.[4]

Во селото се сретнуваат следниве родови:

  • Староседелци: Марковци (8 к.), Ставревци (8 к.), Љушевци (9 к.), Бакревци (8 к.) и Пулевци (9 к.).
  • Доселеници до крајот на турското владеење: Спасевци (17 к.) и Смичевци (14 к.), потекнуваат од ист предок, доселени се однекаде; Џуклевци (14 к.), доселени се од Дебарско; Лукановци (1 к.) и тие се доселени од Дебарско; Чифлигаровци (4 к.) и Џамбазовци (1 к.), доселени се од селото Лешани, Дебрца и Тодоровци (8 к.), доселени се однекаде.
  • Доселеници после Втората светска војна: Скребатниковци (80 к.), доселени се од селото Скребатно; Завојчани (60 к.), доселени се од селото Завој; Опеничанци (25 к.), доселени се од селото Опеница; Сирулци (15 к.), доселени се од селото Сирула; Песочанци (8 к.), доселени се од селото Песочани, Дебрца и Крушјанци (8 к.), доселени се од селото Крушје, Преспа.

Во селото имало и еден ромски род Ѓупци (6 к.), доселени од селото Ливоишта.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Лескоец, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Елшани, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Велгошти, во која влегувале селата Велгошти, Лескоец, Рамне и Скребатно.

Изборно место

Во селото постојат изборните места бр. 1299, 1306 и 1307 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 2.431 гласач.[13]

Културни и природни знаменитости

Поглед на главната селска црква „Вознесение Христово“, една од најстарите цркви во Охридско
Археолошки наоѓалишта[14]
  • Белио — средновековна населба;
  • Горица — населба од неолитското, бронзеното и доцноантичкото време и средновековна некропола;
  • Лелешница — некропола од доцноантичкото време;
  • Св. Никола — средновековна црква и некропола;
  • Св. Петкина Нива — некропола од римското време;
  • Св. Спас — средновековна црква и некропола; и
  • Сред Село — населба од неолитското време.
Цркви[15]
Манастири
Параклиси
  • Параклис „Св. Петка“

Редовни настани

Слави
  • Спасовден — главна селска и црковна слава, кога традиционално се одржува голем собир на граѓани

Личности

Култура и спорт

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 декември 2019.
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 177. Посетено на 13 декември 2019.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 13 декември 2019.
  13. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 13 декември 2019.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. „Црквата Свети Спас с. Лескоец“. Македониум. Посетено на 2010-08-27.
  17. „Осветување на нова црква во село Лескоец - охридско“. МПЦ - ОА. 30 јули 2007. Посетено на 2010-08-27.
  18. 18,0 18,1 18,2 „Цркви“. Дебарско-кичевска епархија. Посетено на 2010-08-27.
  19. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  20. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Поврзано

Надворешни врски