Горно Количани
Горно Количани | |
Поглед на селото Горно Количани | |
Координати 41°52′49″N 21°28′20″E / 41.88028° СГШ; 21.47222° ИГД | |
Регион | Предлошка:Грбови |
Општина | Студеничани |
Област | Торбешија |
Население | 309 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1050 |
Повик. бр. | 02 |
Шифра на КО | 25052 |
Надм. вис. | 620 м |
Горно Количани на општинската карта Атарот на Горно Количани во рамките на општината | |
Горно Количани на Ризницата |
Горно Количани — село во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река и околу 1,5 км југозападно од Долно Количани. Лежи во ридски предел, а атарот зафаќа површина од 6,8 км2.[2]
Историја
Во XIX век Горно Количани било албанско село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Горно Куличани се состоело од 460 Арнаути муслимани[3].
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Горно Количане (Grn.-Količane) како албанско село.[4]
Демографија
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 460 | — | 825 | 872 | 715 | 808 | 654 | — | 413 | 309 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Населението на Горно Количани речиси се удвоило во првите децении на XX век, но во наредните периодио постепено опаднало. Во следните неколку пописи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“ во поголем или помал отстоток, со што се постаува прашањето дали се работи за Македонци-муслимани како во Горно Количани. Почнувајќи од 1981 г. целото население почнало да се изјаснува како албанско.
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 309 жители, од кои 306 „Албанци“, 1 Македонец и 2 други.
Културни и природни знаменитости
- Спомен куќа на НОБ, прогласена за културно наследство на Македонија
Стопанство
Горно Количани има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 327,6 ха обработливо земјиште, 174,3 ха пасишта и 458,2 ха шуми[2]
Општествени установи
- Селска џамија
- Основно училиште
Иселеништво
Со истражувањето од 1950 г. е утврдено дела во селото Батинци живеат родовите Рушитоски (5 куќи) и Саитоски (2 куќи) доселени во 1946 г. од Дресница, а таму дошле од Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.[9]
Поврзано
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 78. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Филозофски факултет-Скопје.
Надворешни врски
- Горно Количани на Ризницата
- Сателитска снимка на Горно Количани на Карти на Google
|