Прејди на содржината

Бизон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 11:23, 20 октомври 2021; направена од SirGoldenBlade (разговор | придонеси)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Бизон
Бизон
Период: Ран плеистоцен – денес
Американски бизон
(Bison bison)
Европски бизон
(Bison bonasus)
Научна класификација [ у ]
(нерангирано): Заднокамшични
(нерангирано): Целовити
(нерангирано): Кончести
Царство: Животни
Чарлс Хамилтон Смит, 1827
Видови

B. bison
B. bonasus
B. antiquus
B. latifrons
B. occidentalis
B. palaeosinensis
B. priscus
B.schoetensacki

Бизон (лат. Bison) е род на парнокопитни животни и припаѓа на семејството шуплороги говеда (Bovidae). Бизоните ги одликуваат кратките нозе, широкото чело со јаки и нагоре свиткани рогови, и мускулест преден дел на телото обраснато со долги темнокафеави влакна. Живеат во крда, а мажјаците може да пораснат и до 3,5 m должина и 2 m во висина. Достигнуваат маса и до 1000 кг.

Бизонот е најголемо копнено животно во Европа и Северна Америка. Родот на бизони обфаќа четири изумрени и два современи вида:

Во Европа слободно живее само во Бјаловешка шума (Полска, Белорусија). Во Северна Америка се проценувало дека огромните стада на бизони се составени од 60 милиони животни, а денес се речиси потполно уништени.