Прејди на содржината

Горно Количани

Координати: 41°52′49″N 21°28′20″E / 41.88028° СГШ; 21.47222° ИГД / 41.88028; 21.47222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 06:44, 6 ноември 2021; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Надворешни врски: Кирилизација, replaced: Карти на Google → Карти на Гугл)
Горно Количани

Поглед на селото Горно Количани

Горно Количани во рамките на Македонија
Горно Количани
Местоположба на Горно Количани во Македонија
Горно Количани на карта

Карта

Координати 41°52′49″N 21°28′20″E / 41.88028° СГШ; 21.47222° ИГД / 41.88028; 21.47222
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Студеничани
Област Торбешија
Население 309[1] жит.
(поп. 2021)[2]

Пошт. бр. 1050
Повик. бр. 02
Шифра на КО 25052
Надм. вис. 620 м
Горно Количани на општинската карта

Атарот на Горно Количани во рамките на општината
Горно Количани на Ризницата
Спомен-куќа за соборот на скопските партизански одреди
Поглед на селото со џамијата.

Горно Количани — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на градот Скопје.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Торбешија, во сливот на Маркова Река и околу 1,5 км југозападно од Долно Количани. Лежи во ридски предел, а атарот зафаќа површина од 6,8 км2.[3]

Историја

Во XIX век Горно Количани било албанско село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. Горно Куличани се состоело од 460 Арнаути муслимани[4].

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Горно Количане (Grn.-Količane) како албанско село.[5]

Демографија

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Количани живееле 460 жители, сите Албанци.[6]

Населението на Горно Количани речиси се удвоило во првите децении на XX век, но во наредните периодио постепено опаднало. Во следните неколку пописи делови од населението наизменично се изјаснувале како „Турци“ или „Албанци“ во поголем или помал отстоток, со што се постаува прашањето дали не се работи за Македонци-муслимани како во Долно Количани. Почнувајќи од 1981 г. целото население почнало да се изјаснува како албанско.

Горно Количани е едно од селата во Општина Студеничани и воопшто во Скопскиот Регион, кое е населено исклучливо со муслимански Албанци, кое забележало значаен пораст на бројот на жители во однос на пописот од 1994 кога во селото живееле 413 жители.

Според последниот попис од 2002 година, селото имало население од 309 жители, од кои 306 „Албанци“, 1 Македонец и 2 други.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 460 825 872 715 808 654 413 309
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Културни и природни знаменитости

Стопанство

Горно Количани има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото располага со 327,6 ха обработливо земјиште, 174,3 ха пасишта и 458,2 ха шуми[3]

Општествени установи

  • Селска џамија
  • Основно училиште

Иселеништво

Со истражувањето од 1950 г. е утврдено дела во селото Батинци живеат родовите Рушитоски (5 куќи) и Саитоски (2 куќи) доселени во 1946 г. од Дресница, а таму дошле од Горно Количани, каде припаѓале на родот Чајан.[11]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  2. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 78. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 209. ISBN 954430424X.
  5. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  6. Васил К'нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања. Филозофски факултет-Скопје.

Надворешни врски