Прејди на содржината

Јавно претпријатие за државни патишта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 00:51, 10 октомври 2022; направена од InternetArchiveBot (разговор | придонеси) (Rescuing 1 sources and tagging 0 as dead.) #IABot (v2.0.9.2)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Јавно претпријатие за државни патишта
Видјавна
СедиштеСкопје,Македонија Македонија
Вработени
394[1] (2016)
Мреж. местоwww.roads.org.mk

Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП) е одговорно за планирање, изградба, реконструкција, одржување и заштита на јавните патишта, како и наплата на пататина.

Надлежности

[уреди | уреди извор]

ЈПДП ги врши следниве работи:

  • Управување со државните патишта,
  • предлагање на петгодишната програма за развој и одржување на државните патишта;
  • постојано следење и контролирање на состојбите на државните патишта;
  • преземање мерки за рационално користење на средствата наменети за државните патишта;
  • вршење инвеститорски работи од областа на државните патишта;
  • наплата на надоместоците за користење на јавните патишта
  • задолжувања кај домашни и странски финансиски институции;
  • организирање на изработка на студии и проекти за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување, заштита и наплата на патарина со право истите да ги отстапува на физички и правни лица во согласност со закон;
  • давање на вршење на работите за изградба, реконструкција, рехабилитацијата и одржување на државните патишта на правни лица во согласност со закон;
  • предлагање одлука за започнување на постапка за давање на концесија и/или други видови на јавно – приватно партнерство;
  • издавање одобренија, одобрувања и мислења во согласност со Законот за јавните патишта
  • организирање на активности поврзани со вршење на броење на сообраќај, заштита на државните патишта, катастар на државните патишта и формирање на неопходни бази на податоци;
  • применување и користење на систем за управување со одржувањето на коловозите (PMS) и систем на управување со одржувањето на мостовите (BMS);
  • поддршка за изградба, реконструкција и рехабилитација на патишта кои не се државни патишта, врз основа на обврски произлезени од закон.
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-18. Посетено на 2018-04-16.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]