Прејди на содржината

Final Fantasy

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 07:43, 19 ноември 2022; направена од Bjankuloski06 (разговор | придонеси) (Екрани на играта: Јазична исправка, replaced: плав → син)
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Лого на јапонската серија.

Final Fantasy (на англиски; на македонски: Крајна Фантазија; на јапонски: ファイナルファンタジー Фаинару Фантаји) е бренд во сопственост на „Сквер Еникс“ (Square Enix) којашто вклучува видеоигри, филмови и други производи. Почнувајќи во 1987 со Final Fantasy, игра со играње на улоги за конзола (console role-playing game) создадена од Сквер Ко. (Square Co), раширувајќи се во серија од видеоигри коишто стануваат бренд на компанијата.

Видео игрите во сопственост на Final Fantasy се четврти најдобро продавани во јануари 2007, продавајќи преку 70 милиони копии во светот, следејќи ги на Марио, (Mario) Покемон (Pokemon) и Симс (The Sims). Сопственоста подоцна ќе се префрли и на други жанрови и платформи, како тактички игри со играње на улоги (tactical RPG), игри за портабл конзоли (portable game), масивни мултиплеер онлајн игри со играње на улоги (MMORPG) и игри за мобилни телефони. Серијата издаде три анимирани продукции и два долгометражни филмови со компјутерскогенерирани слики (computer-generated imagery CGI).

Првата инсталација од серијата имаше премиера во Јапонија на 18 декември 1987, и игрите на Final Fantasy биле софтверски локализирани за пазарите на Северна Америка, Европа и Австралија за повеќе конзоли за видеоигри, ИБМ компатибилни компјутери, и неколку различни модели на мобилни телефони. Идните инсталации што се најавени ќе излезат за седмата генерација на конзоли за видеоигри. Најавени се два наслови за Сони Плејстејшн 3 (Sony PlayStation 3), Крајна Фантазија XIII (Final Fantasy XIII) и Крајна Фантазија Версус XIII (Final Fantasy Versus XIII).

До март 2007 има 28 игри.[1] Во овие бројки влегуваат инсталациите од Крајна Фантазија до Крајна Фантазија XII, заедно со неколку директни продолженија: Крајна Фантазија X-2 (Final Fantasy X-2) и Реквием за Кербер: Крајна Фантазија VII (Dirge of Cerberus: Final Fantasy VII).

Final Fantasy XIIFinal Fantasy XIFinal Fantasy XFinal Fantasy IXFinal Fantasy VIIIFinal Fantasy VIIFinal Fantasy VIFinal Fantasy VFinal Fantasy IVFinal Fantasy IIIFinal Fantasy IIFinal Fantasy (video game)

Сквер влегува во јапонската компјутерска и видео индустрија за игри во средина на осумдесетитте години, создавајќи повеќе едноставни РПГ игри, игри со трки и платформи за Фамиком диск систем за Нинтендо (Famicom Disk System (FDS) for Nintendo), засновано на периферен диск за компјутери. До 1987 паѓа интересот за ФДС и го става Сквер пред банкрот. Приближно во исто време, дизајнерот на Сквер, Хиронобу Сакагучи почнува да работи на амбициозна нова фантастичка РПГ игра за кертриџи засновани на ФДС, инспирирана од Ениксовата популарна игра Dragon Quest (Драгон квест, Потрага по змејови), позната како Dragon Warrior (Змејот Воин) во САД.

Слика од Тера со Маџитек оклоп од Final Fantasy VI

Во тоа време Сквер и Еникс биле посебни компании. Тие се спојуваат по 17 години. Според непотврдени извори, Сакагучи планирал да се повлече по завршувањето на проектот, па затоа го нарекол Крајна Фантазија (Final Fantasy). Final Fantasy на Сквер им носи богатство и станува нивна водечка сопственост.

Следејќи го успехот на првата игра, Сквер брзо започнува со работа на втората инсталација. Наместо на типичен продолжеток, Final Fantasy II претставува потполно други ликови и приказна со малку сличности со претходникот. Некои од елементите во играта, како системот за напредување на ликовите, исто така е целосно сменет. Овој приод продолжува во идните инсталации низ серијата: со секоја игра на Final Fantasy се претставува Нов Свет, нова екипа на ликови и нов систем на игра.

До 2007, поминати се 20 години како постои серијата. Нинтендо ДС Nintendo DS, заедно со Гејм Бој Адванс Game Boy Advance, овозможува компатибилност за играње на сите шест оригинални 2Д игри, Dawn of Souls (Зората на душите), римејк IV, V и VI и за ДС 3Д (DS 3D), римејк на III и за Плејстејшн 3 PlayStation 3, нуди можност за играње на римејк на Origins I и II (Почетоци I и II), Chronicles (Хроники IV и Chrono Trigger), Anthology (Антологија V и VI), оригинални наслови за Плејстејшн (PlayStation), (VII, VIII и IX), за Плејстејшн 2 (PlayStation 2) насловите (X, X-2, XI, XII).[2][3][4][5][5] Final Fantasy XII, објавена во 2006 година, исто така вклучува борби во реално време во големи поврзани полиња за игра.[6][7] Final Fantasy III сѐ уште не е достапна за Плејстејшн (PlayStation) серијата на конзоли. Final Fantasy XIII е во процес на изработка за PlayStation 3 и Xbox 360, и ќе биде достапна во 2009 година во Јапонија, а во 2010 година во Северна Америка и Европа.[8][9] Таа ќе биде ѕвездата на компилацијата на Fabula Nova Crystallis Final Fantasy XIII [10] . Исто така во изработка е Final Fantasy XIV, MMORPG која ќе биде достапна во 2010 година за PlayStation 3 и PC.[11]

Слични елементи

[уреди | уреди извор]

Иако во сите Final Fantasy приказните се независни, многу теми и елементи од игрите се повторуваат низ серијата. Во некои наслови се појавуваат ликови од претходните приказни, но во повеќе случаи имињата повторно се искористени, така што секоја игра има своја уникатна колекција од ликови во потполно неповрзани светови.

Уметничкиот дизајн, вклучувајќи дизајн на ликови и чудовишта, биле направени од јапонскиот уметник Јошитака Амано од Final Fantasy до Final Fantasy VI, како и лого дизајн за сите главни серии и илустрации од Final Fantasy VII. Амано бил заменет од Тетсуја Номура, кој ја продолжува работата со серијата низ Final Fantasy X, со исклучок на Final Fantasy IX, во која на дизајнот на ликови работел Шукоу Мурасе со Тошијуки Итахана и Шин Нагасава. Номура исто така е дизајнер на ликови на Compilation of Final Fantasy VII, и на сите три инсталации на идната Fabula Nova Crystallis: Final Fantasy XIII. Во Final Fantasy XI, ликовите се дизајнирани од Нобујоши Михара.

Акихико Јошида, кој работел како дизајнер на ликови за насловот Final Fantasy Tactics, и како продуцент на Vagrant Story, неодамна станал повеќе инволвиран како дизајнер на ликови на римејковите на Final Fantasy XII и на Final Fantasy III.

Во октомври 2003, Казушинге Ноџима, пишувач на сценарија во серијата уште од Final Fantasy VII, си оди од Сквер Еникс и формира сопствена компанија Стелависта (Stellavista). Тој делумно или целосно ги пишува приказните за Final Fantasy VII, Final Fantasy VIII, Final Fantasy X, и Final Fantasy X-2. Сквер Еникс продолжува со договорот за работа на приказни и сценарија со Ноџима и Стелависта.

Final Fantasy е прва видеоигра од Јапонија која масовно ја пласира својата музика на пазарот на САД. Интернационалната популарност на музиката од видеоиграта ќе продолжи во целата серија на Final Fantasy, посебно во Final Fantasy VI и во следните игри од серијата. Нобуо Уематсу (Nobuo Uematsu) бил шеф музички композитор на серијата на Final Fantasy сè до неговото пензионирање од Сквер Еникс (Square Enix) во ноември 2004. Неговата музика играла голема улога во создавањето на популарноста на серијата на Final Fantasy. На Летните олимписки игри 2004, тимот на САД во синхронизирано пливање, Алисон Бартосик (Alison Bartosik) и Ана Козлова (Anna Kozlova) биле наградени со бронзен медал за нивниот перформанс со песната 'Liberi Fatali' од Final Fantasy VIII. Други композитори кои биле вклучени во серијата се Масаши Хамаузу (Masashi Hamauzu),Јуниа Накано (Junya Nakano) и Хитоши Сакимото (Hitoshi Sakimoto). Хитоши Сакимото, Хајао Матсуо (Hayao Matsuo), Јуји Торијама (Yuji Toriyama), и Нобуо Уематсу (Nobuo Uematsu) ги компонирале песните за Final Fantasy XII.

Екрани на играта

[уреди | уреди извор]

Игрите типично имаат неколку типови на екрани, или модови на интеракција категоризирани како:

  • Екрани на борбите — Борбите се прикажуваат на посебен вид на екран или арена, обично со менување на големината и со паѓачки арена-екран кој прикажува каде ќе се одвива борбата. Во Final Fantasy VII и во следните, овие екрани се целосно во 3Д техника, користејќи висока резолуција за ликовите, но многу ограничени во големина. Final Fantasy XI и XII одат понатаму со сцени на борби (scene-battles): борбени секвенци кои се прикажуваат на главниот екран за терен.
  • Екрани на терените — Овие екрани ја прикажуваат главната интеракција помеѓу ликовите, и истражувањето на светот. Дијалогот најмногу се појавува на овие екрани. Final Fantasy VII, Final Fantasy VIII, и Final Fantasy IX користат пре-рендерирани и пре-обоени позадини над кои се ставени 3Д модели. Final Fantasy X користат комплетен 3D систем на екран за терен, кој овозможува аглите на камерите да се менуваат онака како што се движат ликовите. Овој систем е користен во Final Fantasy XI и во Final Fantasy XII, но во нов систем за камери кои можат да се контролираат од самиот играч.
  • Екрани на светот — Мали екрани се користат за да го прикажат патувањето на големи далечини во време кое поинаку би било многу бавно.
  • Сцени — Овие сцени се не-интерактивен плејбек кој обично обезбедува инструкции за играчот или напредок на заплетот. Тие можат да бидат пре-рендерирано видео (FMV), или можат да бидат во истиот мотор (или во минимално модификован мотор кој овозможува подетално презентирање) на сите три модови на екрани претставени горе. Туторијалите често манипулираат со екраните за мени претставени долу. Во некои случаи, пре-рендираното видео е во реално време на рендериран терен (full motion video-3D).
  • Екрани за мени — Овие екрани се користат за навигација на статусот на ликови, опрема, магија, и друго. Овие екрани се обично многу едноставни сини табели, со рака во ракавица за селектирање на опциите. Во некои игри е дадена опција за менување на боите и текстурите на табелите.
  • Мини игри — Игрите обично вклучуваат повеќе мини игри со свои сопствени графички машини. Пример за тоа е Тетра Мастер (Tetra Master) игра со карти, прикажана во Final Fantasy IX, и прикажана како посебна игра во Final Fantasy XI за личен сметач (PC).
  1. Lee, Garnett (2007-03-08). „GDC 2007: The Long Development of Final Fantasy XII“. 1UP.com. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2007-09-28.
  2. „Final Fantasy X - Release Summary“. GameSpot. Посетено на 2007-10-03.
  3. „Final Fantasy Retrospective Part VII“. GameTrailers. 2007-08-28. Посетено на 2009-04-06.
  4. „Final Fantasy XI - Release Summary“. GameSpot. Посетено на 2007-10-03.
  5. 5,0 5,1 „Final Fantasy Retrospective Part VIII“. GameTrailers. 2007-09-04. Посетено на 2009-04-07.
  6. „Final Fantasy XII - Release Summary“. GameSpot. Посетено на 2007-10-03.
  7. Kolan, Patrick (2007-01-18). „The Evolution of Final Fantasy“. IGN. Архивирано од изворникот на 2011-01-28. Посетено на 2007-11-03.
  8. Thang, Jimmy (2008-07-14). „E3 2008: Final Fantasy XIII Coming to Xbox 360“. IGN. Посетено на 2008-07-14.
  9. Magrino, Tom (2009-05-05). „Square Enix fast-tracking FFXIII localization - Report“. GameSpot. Посетено на 2009-05-13.
  10. Gantayat, Anoop (2006-05-17). „Famitsu with More on Fabula Nova“. IGN. Архивирано од изворникот на 2013-03-10. Посетено на 2009-04-07.
  11. Thomsen, Michael (2009-06-02). „E3 2009: Final Fantasy XIV Online Coming to PS3 and PC“. IGN. Архивирано од изворникот на 2011-01-27. Посетено на 2009-06-02.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]