Прејди на содржината

Казандол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Казандол
Казандол во рамките на Македонија
Казандол
Местоположба на Казандол во Македонија
Казандол на карта

Карта

Општина Валандово
Население 182 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 04012
Надм. вис. 359 м
Казандол на општинската карта

Атарот на Казандол во рамките на општината
Казандол на Ризницата

Казандол — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Географија и местоположба

Селото Казандол се наоѓа во областа Бојмија, оддалечено 7 километри јужно од градот Валандово сместена на едно од голите ритчиња што ги има околу селото на надморска висина од 500 метри. Селото има умерена пријатна планинска клима за жешкото југоисточно поднебје на Македонија.

Потекло на името

Името потекнува од два турски збора: Кизил- доган , Kizildogan, кзил - (црвен, црвеникав, румен,). И вториот збор dol-dolu, што значи полно, многу го има, во изобилство. Се мисли на бакарната руда што ја има околу селото. Втората везија исто така потекнува од два турски збора; Кизил - (црвен, црвеникав, румен), доган - (орел, еден вид граблива птица).

Историја

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.075—    
19531.218+13.3%
1961409−66.4%
1971124−69.7%
1981124+0.0%
ГодинаНас.±%
1991157+26.6%
1994152−3.2%
2002147−3.3%
2021182+23.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Казандол живееле 920 жители, сите Турци.[2]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Казан Дуванли живеат 849 жители, сите Турци.[3]

До 1953 година, Казандол било големо село, но по масовното иселување на турското население во Турција, преминало во мало село со само 17 домаќинства во 2002 година.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 147 жители, сите Турци. Следува табела на националната структура на населението[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 182 жители, од кои 1 Албанец, 167 Турци, 1 Бошњак и 13 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 920 1.075 1.218 409 124 124 157 152 147 182
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]


Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 302 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 128 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
  3. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 246.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 29 декември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 29 декември 2019.

Надворешни врски