Прејди на содржината

Колицко

Координати: 42°1′1″N 21°48′56″E / 42.01694° СГШ; 21.81556° ИГД / 42.01694; 21.81556
Од Википедија — слободната енциклопедија
Колицко
Колицко во рамките на Македонија
Колицко
Местоположба на Колицко во Македонија
Колицко на карта

Карта

Координати 42°1′1″N 21°48′56″E / 42.01694° СГШ; 21.81556° ИГД / 42.01694; 21.81556
Регион Предлошка:Грбови
Општина  Куманово
Област Овче Поле
Население 34 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 17050
Колицко на општинската карта

Атарот на Колицко во рамките на општината
Колицко на Ризницата

Колицко — село во Општина Куманово, во областа Овче Поле, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

Колицко — село во Областа Овче Поле. Во близина на градот Куманово, од кое е оддалечено 21км, Колицко граничи со селата: Скачковце и Орашац на север и североисток, Габреш на исток, Длга на запад, и Живиње на југ. Поедини места во атарот на селото ги носат следните имиња: Голем гољак, Брајански рид, Леви Дол, Пејкова падина, итн.

Историја

Колицко е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Трпеза - Ѕидини на неговата западна периферија.[2]

Во XIX век, Колицко се наоѓало во Кумановската каза, нахија Овче Поле, во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948292—    
1953330+13.0%
1961353+7.0%
1971366+3.7%
1981253−30.9%
ГодинаНас.±%
1991139−45.1%
1994127−8.6%
200268−46.5%
202134−50.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Колицко имало 145 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Колицко имало 68 жители.

Според пописот од 2002 г. Колицко имало 86 жители, од кои 83 Македонци и 3 Срби.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 29 Македонци и 5 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 145 200 292 330 353 366 253 139 127 68 34
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Колицко е македонско православно село, родовите во се староседелци кои живееле во старото село Колицко и доселеници.

Родови во Колицко се: Банковци (18 куќи), Вучковци (16 куќи), Антевци (12 куќи) и Пауновци (2 куќи) староседелци, кои живеееле во старото село Колицко, од каде ја поместиле положбата на селото околу 1770 година. Во родот Банковци се знае следното родословие: Љубе (жив на 50 г. во 1971 година) Милан-Аце-Максим-Младен-?-Банко, кој се поместил од старо Колицко; Ѓуревци (1 куќа) и Кузе (1 куќа) првите се доселени од соседното село Скачковце, а вторите од селото Мургаш, доселени се пред 1912 година; Пешевци (2 куќи) доселени се од кривопаланечкото село Радибуш во 1921 година; Станојовци (1 куќа) доселени се 1930 година од селото Стајовци, во Горна Пчиња, денес во Србија.[10]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[2]

Редовни настани

Личности

Тодор Димков

Култура и спорт

Иселеништво

Постари иселеници има во некои кумановски села. А после Втората светска војна населението воглавно се иселило во Куманово.[10]

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 211. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 216.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска Област. Скопје. стр. 151-152-153.
  11. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.50

Надворешни врски