Потрага по апсолутното
Потрага по апсолутното - роман на Оноре де Балзак, првпат објавен во 1834 година во 3 том од Студии на нарави, Сцени од приватниот живот, а потоа, често преработуван од авторот, објавен е во скратена верзија од 40 страници во 1839 година, со посвета на Жозефин Деланој, добротворка на романсиерот. Конечно, во својата трета верзија (1845), тој е класифициран во Филозофските студии на Човечката комедицја.
Астрономот Ернест Ложје му помогнал на Балзак во употребата на хемиската терминологија во романот.
Резиме
Во Дуе, куќата Клаес е дом на едно од најпознатите и најавтентични фламански семејства во подрачјето. Балтазар Клаес, богат и културен човек, води среќен живот на голем фламански буржуј. Бил ученик на Лавоазје со кого студирал хемија. Ја обожава жената со која се оженил во 1795 година и семејната среќа е целосна, сè до денот кога, во 1809 година, Балтазар го посетил полски математичар кој станал војник за да заработи за живот. Човекот му објаснува на Клаес до каде стигнал во обидот да разложи едноставни тела за да го открие начелото на материјата.
По заминувањето на полскиот офицер, Балтазар е опфатен од демонот за истражување. Фатен од вистинска треска, тој нарачува скапи хемикалии, се затвора во својата хемиска лабораторија со неговиот слуга, ги запоставува сопругата и четирите деца и го води семејството во пропаст. Заплетот ја спротивставува семејната и синовската посветеност наспроти опсесивната потрага на научникот, секогаш на работ да го најде „апсолутното“ и секогаш пропаѓа, се до својата смрт.
Романот опфаќа долго раздобје (1810-1832) што го покрива последователното пропаѓање на семејството Клаес. Секојпат, богатството на чудесен начин се обновувало, благодарение на предвидливоста на мајката која на крајот умира од очај, потоа на мудроста и цврстината на најстарата ќерка, Маргарит, која што може да се спореди со Евгенија Гранде во нејзината улога на девојка. Маргарит всушност управува со куќата, оставајќи го нејзиниот татко во привид дека тој го задржува својот авторитет над семејството. Падот на Балтазар е опишан со страст и поединости од Балзак самиот заслепен од идејата за апсолутното. Романот нуди и живописна слика за обичаите на градот Дуе и раскошот на куќата Клаес.
Првично, романот Потрага по апсолутното не бил вклучен во Човечката комедија. Последнава го добила ова име дури во 1842 година, а романот бил напишан во 1834 година. Значи, Балзак отпосле го вклучил овој роман во Студии на нарави од XIX век, Сцени од приватниот живот од Човечката комедија. На крајот, одлучил да го вклучи во делот Филозофски студии.
„Потрага по апсолутното“ е еден од најпривлечните текстови од Балзак. Се занимава со потрагата по совршенство, тема што ја наоѓаме во Изгубените илузии (совршена хартија за печатарската компанија Сешар) и Непознатото ремек-дело (слика посилна од стварноста).
Тема
Овде Балзак на вниманието на читателот му поднесува морален проблем: оној за правата на високонадарениот поединец во општеството, маките на генијот заглавени помеѓу страста за неговото научно истражување и чувствата кон неговото семејство што на крајот го уништува.
Извори на вдахновение
Наведени се неколку извори на вдахновение во врска со ликот на Балтазар Клаес. Во Ница, се спомнува Пјер-Жозеф Арсон, банкар кој сакал да ја купи тајната на апсолутното од полскиот математичар Јозеф Хоне-Вроњски. Тој потрошил повеќе од 100 000 франка во текот на шеснаесет години: 17 банкноти од 4 000 франка, 40 000 франка и потврда за долг од 108 516 франка. Можеби 300 000 франка, според една статија во Фигаро од 21 август 1831 за пријатниот режим: „Еден ден, еден човек имал 300.000 франци и го немал апсолутното, г-дин Хоне немал 300.000 франци, но го имал апсолутното.“ Бесен поради тоа што бил измамен, Арсон го тужел Вроњски.
Надворешни врски
- Подметнат пожар го вдахновил Балзак за ликот на Балтазар Клаес .
- Омаж на Франсоа Трифо, алузија на Балзак .
- Потрага по апсолутното, аудио верзии
Нормативна контрола Catégorie:Article de Wikipédia avec notice d'autorité
Предлошка:PaletteСцени од приватниот живот - Домот на мачката со клопче
- Бал во Со
- Берза
- Ла вендета
- Мадам Фирмијани
- Двојно семејство
- Мир во домаќинството
- Лажна метреса
- Студија на жена
- Друга студија на жена
- Гранд Бретеш
- Албер Саварис
- Мемоари на две младоженки
- Ќерка на Ева
- Жена на триесет години
- Напуштена жена
- Ла Гренадјер
- Порака
- Гобсек
- Брачен договор
- Почеток во животот
- Модест Мињон
- Беатрикс
- Онорина
- Полковникот Шабер
- Богослужение на безбожникот
- Забрана
- Пјер Грасу
Сцени од провинцискиот живот Сцени од парискиот живот Сцени од политичкиот живот Сцени од војничкиот живот Сцени од селскиот живот Филозофски студии - Шагринска кожа
- Потрага по апсолутното
- Исус Христос во Фландрија
- Помирениот Мелмот
- Непознатото ремек-дело
- Проколнатото дете
- Гамбара
- Масимила Дона
- Маранаови
- Збогум
- Регрут
- Ел Вердуго
- Драма на морскиот брег
- Црвениот ан
- Еликсир за долг живот
- Газда Корнелиус
- За Катерина де Медичи
- Луј Ламбер
- Изгонетите
- Серафита
Аналитички студии Личности кои се повторуваат Од други автори - Фернан Лот: Грбовите во Човечката комедија