Клубот е основан во 1899. Поголемиот дел од својата историја го поминал во пониските англиски дивизији најчесто помеѓу третото и четвртото ниво. Под водство на менаџерот Еди Хау, Борнмут забележал две промоции во три години и во сезоната 2015-2016 за првпат се натпреварувал во највисокото ниво на англискиот фудбал, Премиер лигата.
Прекарот на клубот e цреши. Клупските дресови, од 1972 се со вертикално наизменична црвено-црна боја, како оние на ФК Вардар или на италијанскиот Милан. Поради таа причина во сезоните 2004-2005 и 2005-2006 поминале низ процес на преуредување на дресовите, со доминација на црвената боја. Но, на барање на навивачите клубот одлучил да ја врати старата верзија на дресовите.