Нов Дојран
- За други значења на поимот Дојран, видете на појаснителната страница
Нов Дојран | |
Координати 41°13′14″N 22°42′18″E / 41.22056° СГШ; 22.70500° ИГД | |
Општина | Дојран |
Население | 997 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1485 |
Шифра на КО | 06019, 06519 |
Нов Дојран на општинската карта Атарот на Нов Дојран во рамките на општината | |
Нов Дојран на Ризницата |
Нов Дојран — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро.
Географија и местоположба
Нов Дојран се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, на западниот брег на Дојранското Езеро, оддалечен 2,5 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран, 18 километри југоисточно од Валандово, 15 километри источно од Богданци и 25 километри источно од Гевгелија.
Историја
Стопанство
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.100 жители и претставува најголемото населено место во општината. Во него имало 1.023 Македонци, 11 Албанци, 23 Турци, 14 Роми, 27 Срби, 1 Бошњак и 1 останат.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 997 жители, од кои 935 Македонци, 10 Турци, 10 Срби, 3 останати и 39 лица без податоци.[3]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 1.083 | 941 | 1.116 | 1.033 | 1.035 | 1.173 | 1.199 | 1.100 | 997 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[4]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[5]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установи
Во Нов Дојран постои централното основно училиште „Кочо Рацин“, коешто е единственото училиште со деветгодишно образование во општината.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 383 и 384 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месна заедница.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 886 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
- Дојран гурман фест - традиционален фестивал на дојранска кујна;[10]
Личности
Култура и спорт
Црква „Свети Ѓорѓи“
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ Со специјалитети од риба почна туристичката сезона во Дојран
Надворешни врски
|