Прејди на содржината

Вангел Чукалевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(разл) ← Претходна преработка | Последна преработка (разл) | Следна преработка → (разл)
Вангел Чукалевски
Роден Вангел Чукалевски
20 јануари 1910
Битола, Отоманско Царство
Починал 8 јануари 1983 (возраст: 72)
Белград, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање партизан, пилот, офицер

Вангел Чукалевски (20 јануари 1910 во Битола8 јануари 1983 во Белград) — југословенски и македонски партизан и деец на Народно ослободителната војска на Македонија.[1]

Чукалевски бил воен пилот и висок офицер на Југословенската народна армија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е на 20 јануари 1910 година во Битола. За време на Втората светска војна се вклучил во комунистичката страна и станал командир на Четврта оперативна зона на НОВ и ПОМ. Станал член на КПМ во текот на 1944 година.[2]

На 1 јуни 1944 година добил чин мајор. Во периодот од 8 јуни до 25 септември 1944 година е командир на Првата македонска ударна бригада, а потоа е назначен за прв помошник на началникот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Учествува како делегат во Второто заседание на АВНОЈ и Првото заседание на АСНОМ. Меѓу септември и октомври 1944 година е награден со Орденот Партизанска ѕвезда од Воениот штаб на НОВ и ПОЈ. На 1 декември 1944 година е назначен за потполковник, а по завршувањето на Втората светска војна имал различни функции во ЈНА.

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Чундева“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1631. Text "series " ignored (help)
  2. д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 504. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)