Прејди на содржината

Јастребник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Wiki Јастребник е село во Општина Кочани. Селото има 9 маала и тоа: Чорбаџии, Старо село, Горна Маала, Долна Маала, Падини, Горни, Долни, Чуриљак и Семревец. Населението изнесува околу 50 жители, од кои постојани се десетина. Останатите се преселени во Кочани. Сепак, забрзаната изградба на инфраструктурата што ја прави Локалната самоуправа во последните неколку години постепено го враќа животот во селото.

Географиja и местоположба

Селото се наоѓа на 950 метри надморска височина, на јужните падини на Осоговските Планини.

Историja

Економија

Демографија

Во минатото селото поголем број на жители, но со последниот попис од 2002 во селото има 23 домаќинства со 34 куќи.[1]

Општествени институции

Во селото постои центар за валоризација на културното наследство кој е сместен во старата училишна зграда која е преадаптирана. Ова било проект на италијанската влада и градот Кочани. Проектот чинел 33.000 евра и се реализирал во период од 10 месеци. Основната идеја е да се создаде пункт во кој ќе бидат претставени сегменти од материјалното и културно наследство од Осоговскиот крај. Центарот има уште две функции - да биде појдовно место на посетителите и туристите кои ќе пешачат по веќе трасираната планинарска патека што води кон Пониква и во исто време да биде појдовна точка за развој на селскиот туризам во овој крај.[2]

Во посебната збирка на центарот изложени се стари предмети од дрво, глина и метал, како и машки и женски носии, постари и по стотина години.[3]


Администрација и политика

Културни и природни знаменитости

Во селото Јастребник, поточно во неговото маало Чуриљак има воден габер- дрво старо повеќе од 5 векови. Дрвото има пречник од 2,5 метри, со обем околу 6 метри. Местото каде што изникнал габерот е долче од кое подолу настанува Мала Река, која заедно со Голема Река се влеваат во акумулацијата Гратче и ја создаваат Крива или Кочанска Река. Под неговиот корен извира вода, а селаните одамна направиле покриен кладенец од кој црпеле студена планинска вода. Целата околина на дрвото е богато со вода, а уште од дамнина овде се напојувала и стоката во селото. Дрвото сe уште е живо, иако постепено се суши, особено подолните гранки. Сепак, над 80% од стеблото и понатаму е витално и со својата огромна крошна фрла дебела сенка на местото каде стои со стотици години.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Референци

Надворешни врски

Предлошка:Села во Општина Кочани