Прејди на содржината

Кобилица (планински врв)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Кобилица

Поглед на врвот Кобилица
Висина &100000000000025280000002.528 м
Место Македонија Македонија
ВенецШар Планина
Прво освојувањенепознато

Кобилица — врв на Шар Планина. Висок е 2528 метри[1] и се наоѓа во централниот дел на главниот шарпланински срт кој ја формира македонско-косовската граница. Позат е по својота остра пирамидална форма и карпестиот гребен Трескавец на западната страна од врвот.

Местоположба

Поврзан е со Црн Врв на североисток преку кобиличкиот премин (2.170 м), а на запад сртот продолжува кон карпестиот гребен на Трескавец, па потоа кон преминот Љубински уши и врвот Вртоп.

Изглед

Опишувајќи ги врвовите на Шар Планина во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија, македонскиот револуционер Ѓорче Петров за Кобилица запишал дека е стрмен, совршено мазен правилен конус, до самиот врв покриен со зелени тревници[2]. Изгледот на овој врв, иако опфаќа величествен планински поглед на предели и пејзажи, не е толку значителен како од врвот Љуботен, бидејќи го ограничуваат врвовите коишто го опкружуваат[2].

Кобилица во целина плени со својата убавина и правилна форма а кај планинарите влева и стравопочит со неговите остри и карпести страни. Го нарекуваат уште и Тетовски Матерхорн, како споредба со познатиот Матерхорн на Алпите. Се гледа од Тетово и од Призрен.

Искачување

Врвот е најпогоден да се искачува по планинарска високогорска патека од две страни, и тоа од источниот гребен, или од кобиличкиот премин. Северната и јужата страна на врвот се премогу стрми, а искачувањето од западната карпеста страна е можно само со алпинистичка опрема, во погодни временски услови. Исклучително опасно е искачување во зимски услови заради можноста од лавина или лизгање.

Галерија

Наводи

  1. „Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност)“ (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. 2016. стр. 96. Посетено на 16 јануари 2024.
  2. 2,0 2,1 Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 36. ISBN 978-608-245-113-8.