Марко Шулајковски
Изглед
Марко Шулајковски | ||
Роден | 31 март 1921 Дебар, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 29 ноември 1989 Белград, СФР Југославија | (возр. 68)|
Националност | Македонец | |
Занимање | учесник во НОБ |
Марко Шулајковски (31 март 1921 во Дебар — 29 ноември 1989 во Белград) — македонски учесник во НОБ.[1]
Животопис
Завршил средно образование во Скопје и потоа се вратил во Дебар, каде што станал член на Комунистичката партија на Југославија во 1941 година. Бил провален, уапсен и спроведен во затворот во Тирана во периодот 1942-1943. По излегувањето од затворот бил борец во Втората албанска бригада.
Во Народноослободителната војска на Македонија извршувал разни воено-партиски должности. По завршувањето на Втората светска војна, бил на служба во Македонија и во Србија.
Наводи
- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шулајковски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1664. Text "series " ignored (help)