Ново Село (Боговиње)
Ново Село | |
Глетка на Ново Село од падините на Шар Планина | |
Координати 41°56′43″N 20°51′45″E / 41.94528° СГШ; 20.86250° ИГД | |
Општина | Боговиње |
Население | 877 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1214 |
Шифра на КО | 28050, 28550 |
Надм. вис. | 1170 м |
Ново Село на општинската карта Атарот на Ново Село во рамките на општината | |
Ново Село на Ризницата |
Ново Село — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Долнопалчишка општина во Долнополошкиот срез и имало 108 куќи со 494 жители, сите Македонци.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Албанци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.589 жители, од кои: 1 Македонец, 1.579 Албанци и 9 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 877 жители, од кои 662 Албанци, 1 останат и 214 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | 685 | 722 | 823 | 1.127 | 1.404 | 0 | 1.450 | 1.589 | 877 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
Ново Село е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Десовци (35 к.) се албанизирани Горанци. Доселени се од некое село во областа Гора кај Призрен во Косово. Го знаат следното родословие: Милаим (жив на 65 г. во 1948 година) Ислам-Мурат-Зеќир-Мурат-Асан-Деса, кој се доселил со синовите. Имаат иселеници во Новаке, Јеловјане, Мала Речица и Турција (шест семејства).
- Маршин (9 к.) доселени се од местото Маршин кај Љума во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Боговиње.
- Матранч (25 к.) доселени се од некое место во северна Албанија. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Турција (едно семејство).
- Врае (2 к.) доселени се од Љума во северна Албанија.
- Штек (27 к.) доселени се од местото Штек кај Љума во северна Албанија.
- Шпен (3 к.) доселени се од северна Албанија.
- Чапри (8 к.) доселени се преку Гора од некое место во Албанија.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2077 и 2078 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.430 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Галерија
-
Поглед на Ново Село
-
Глетка на Ново Село од падините на Шар Планина
-
Поглед на Ново Село
-
Поглед на Ново Село
-
Поглед на Ново Село
Иселеништво
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 23.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
|