Одрински договор (1547)
Потпишан | 1547 |
---|---|
Место | Одрин, Османлиско Царство |
Потписници | Османлиско Царство Хабсбуршка монархија |
Одрински договор — мировен договор потпишан во 1547 година помеѓу Османлиско Царство и Австрија.
Во 1541 година Сулејман I продолжил со воената кампања во Унгарија, која резултирала со заземање на тврдината Будим (Буда). По оваа победа, Османлиското Царство воспоставила контрола над централна Унгарија[1]. Победата претставува една од најзначајните на Османлиите против Фердинанд I, најмногу поради тоа што градот во следните 150 години бил под нивна контрола. Откако Фердинанд се обидел да ја презеде Пешта, Сулејман во 1543 година се вратил во Унгарија и ја претворил катедралата во Будим во џамија. На крајот бил постигнат договор во 1547 г., во кој биле вклучени Франција, Венеција, и папа Павле III; Фердинанд се согласил да му исплаќа на султанот 30.000 дукати на годишно ниво. Ова му овозможило на Сулејман повторно да ја нападне Персија, да го поврати Тебриз и да го преземе градот Ван во наредната година.
Наводи
|