Пет Мартино
Пет Мартино | |
---|---|
Животописни податоци | |
Роден(а) | 25 август 1944 Филаделфија, САД |
Занимања | музичар, текстописец |
Инструменти | гитара |
Период на активност | 1959–present |
Мреж. место | http://www.patmartino.com |
Пет Мартино (англиски: Pat Martino) е американски џез музичар (гитарист).
Животопис
Пет Мартино ја започнал својата кариера во 1961 година како дел од богатата џез-сцена во Филаделфија. Уште како тинејџер, тој бил сметан за сензација, а веќе на дваесетгодишна возраст имал своја група со која настапувал и снимал плочи. Во 1980 година му се случила катастрофа која го оддалечила од музиката: тој преживеал тежок мозочен удар, а операцијата му предизвикала амнезија, со што тој изгубил голем дел од својата меморија. Сепак, по макотрпното закрепнување, Мартино повторно започнал да свири. Во 1987 година го снимил албумот "The Return", а неговата кариера започнала да се движи со огромна брзина во 1990-тите. Оттогаш, тој се стекнал со номинации за наградата "Греми", во 2004 година бил избран за гитарист на годината во гласањето на читателите на познатото џез-списание "Даунбит" (Downbeat), а станал добитник и на повеќе награди и признанија ширум светот.[1]
Творештво
Во својата богата кариера, Мартино соработувал со повеќе легенди на џез-музиката, како: Сони Стит (Sonny Stitt), Џин Амонс (Gene Ammons), Ричард Грув Холмс (Richard Groove Holmes), Чик Кореја (Chick Corea), Боби Хачерсон (Bobby Hutcherson), Џими Смит (Jimmy Smith), Стенли Кларк (Stanley Clark), Џек Мекдаф (Jack McDuff), Вуди Херман (Woody Herman) итн. Неговите албуми се објавени на најпознатите издавачки куќи од областа на џезот, како: "Vanguard", "Prestige", "Concord", "Fantasy", "Warner Bros", "Polydor", "Atlantic", "Mainstream" и "Blue Note Records". Исто така, тој настапувал на сите позначајни џез-сцени ширум светот, а повеќепати бил номиниран за најпрестижните награди.
Денес, Мартино ужива углед на еден од најзначајните, највозбудливите, највиртуозните и најразновидните џез-гитаристи на сите времиња.[1]
На 22 октомври 2012 година, Пет Мартино свирел на Скопскиот џез фестивал во следниов состав:[1]
- Пет Мартино - гитара,
- Пет Бјанки (Pat Bianchi) - Хамонд органа, и
- Кармен Инторе Јуниор (Carmen Intorre Jr) - тапани.
Наводи
|