Прејди на содржината

Скадарски договор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.

Скадарскиот договор[1] (современ турски: İşkodra Barışı) - договор потпишан помеѓу Отоманската Империја и Кнежевството Црна Гора на 31 август 1862.

Заднина

Кнежевството Црна Гора било вазал на Османлиското Царство. Во текот на првата половина на 19 век османлиската доминација била ослабена и Никола I, кнезот на Црна Гора, се чувствувал слободен да поддржи бунт во соседната османлиска покраина Херцеговина. Отоманскиот генерал Омер паша, кој бил одговорен за сузбивање на бунтот, ги победил бунтовниците и тргнал кон Цетиње (тогашен главен град на Црна Гора).

Договорот

Договорот бил потпишан во Скадар во Отоманската Империја (денес во Албанија) откако Црна Гора барала мир. Термините биле:

  1. Вазалниот статус на Црна Гора (како и покраинската граница) бил ратификуван
  2. Мирко Петровиќ-Његош, таткото на Никола, кој се борел против Османлиите, бил протеран
  3. Увозот на оружје во Црна Гора бил забранет
  4. Покраинската граница меѓу Црна Гора и Херцеговина била ставена под османлиска воена контрола

Последици

Црна Гора станала независна со Берлинскиот договор потпишан по Руско-турската војна од 1877–1878 година.

Наводи

  1. Erik Goldstein, Wars and Peace Treaties: 1816 to 1991, Routledge, 1992, ISBN 978-0-203-97682-1, p. 28.