Прејди на содржината

Шумарство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верзијата за печатење повеќе не е поддржана и може да дава грешки. Подновете си ги бележнците во прелстувачит и користете ја можноста за печатење од самиот прелистувач.
Сеча на дрвја во Австрија

Шумарство — стопанска гранка која го опфаќа одгледувањето и искористувањето на шумите. Тие имаат големо значење за здравјето на населението, бидејќи го прочистуваат загадениот воздух, ги ублажуваат ветровите, ги спречуваат ерозијата и поплавите. Дрвјата имаат широка примена во градежништвото, дрвната и хемиската индустрија.

Во зависност од климатските услови, шумите се делат на тропски, суптропски и шуми во предели со умерено - континентална клима.

Во тропските шуми се одгледуваат голем број скапоцени дрвја како Бамбусово, Абоносово, тиково, махаганово, сандалово, кининово и др.

Најбогати држави со шуми се: Бразил, ДР Конго, Русија, Финска, Канада, Финска, Норвешка Америка и др.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

  • Пренкова, Катерина; Митрикеска, Вера (2013). Подигање и уредување на шумите за трета година за средно стручно образование (PDF). Скопје: Министерство за образование и наука на РМ. ISBN 978-608-226-349-6.
  • Никчевиќ, Соња, уред. (2008). ЈП Македонски шуми : 1998-2008. Скопје: Винсент графика. ISBN 978-9989-2474-7-7.