221Б Бејкер Стрит
Во сите приказни за Шерлок Холмс и неговиот пријател Д-р Вотсон, Холмс живеел на адресата 221Б Бејкер Стрит. За време на приказните и периодот кога тие се пишувани, Британската Империја била во својот најголем подем и Лондон бил голем центар на културниот и социјалниот живот.
Источниот дел на Лондон содржел соседства каде сиромашниот народ и работничката класа живееле. Најпознатите и богати луѓе живееле во Западен Лондон. Во Западниот дел на Лондон се наоѓале Мајфер, Кенсингтон и Регентс Парк. Бејкер Стрит била исто така дел од тој регион.
За времето кога Артур Конан Дојл го пишувал приказните и авантурите за Шерлок Холмс, улицата Бејкер Стрит навистина постоела, но немало адреса 221Б. Бејкер Стрит била мала, пократка од една милја. Таа се протегала од север кон југ со број на куќи од 1 до 85. Во 1930 година, некои од околните улици биле преименувани, бројот на згради се зголемил и Бејкер Стрит станала поголема. Во тој момент куќа со 221Б станала вистинска и адресата 221Б Бејкер Стрит, Лондон постоела.
Набргу, зградата со број 221Б се разрушила и се изградила нова зграда користена од Аби Банка. Банката била главна канцеларија од 1932 до 2002 година. Денес таа сѐ уште е дел од Банката Аби и ги извршува сите свои функции.
Поради уникатната и значајна врска помеѓу компанијата и Шерлок Холмс, банката изгради статуа на Шелок Холмс. Исто така, банката назначила и човек што ќе прима писма и разгледници што се упатуваат до популарната адреса 221Б Бејкер Стрит.
Се сретнавме наредниот ден како што тој испланира, и ги рзгледав собите на бр. 221Б, Бејкер Стрит, за кои тој зборуваше за време на нашите состаноци. Тие се состоеа од пар удобни соби со кревет и единствена голема дневна соба, добро опремена со мебел и осветлена со два големи прозорци. Станот беше пожелен во секој поглед. (Студија во светлоцрвено, Артур Конан Дојл)
Така се опиша за првпат најпознатата и најславната адреса во светската литература.
|
|