Зилупе
Зилупе Розенау, Розеново | ||
---|---|---|
Паланка | ||
Римокатоличката црква во Зилупе | ||
Држава | Латвија | |
Општина | Зилупе | |
Градски права | 1931 | |
Површина | ||
• Вкупна | 4,68 км2 (181 ми2) | |
Население (2011) | ||
• Вкупно | 1.748 | |
• Густина | 331/км2 (860/ми2) | |
Час. појас | ИЕВ (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | ИЕЛВ (UTC+3) | |
Повикувачки број | +371 657 |
Зилупе (латгалски: Синуоја (Sīnuoja), од сина - „граница“; германски: Розенау (Rosenau), руски: Розеново) - паланка (мал град) во Латвија, покрај реката Зилупе, на границата со Русија. Железничката станица во Зилупе е последната станица за железничката линија Рига-Зилупе, која е една од најдолгите пруги за патници во Латвија. Градот првпат започнал да се создава за време на изградбата на железничката линија Вентспилс-Москва во 1900 година, станицата го добила името Розенова, по поранешниот земјопоседник. Во близина на станицата, била создадена мала населба од трговци и железнички работници. Во 1908 година веќе имало полициска станица, училиште и пошта во Розенова.
Понатамошниот развој на населбата бил прекинат со Првата светска војна. Во 1918 година бил уништен железничкиот мост над реката Зилупе. Од 1918 до 1920 година, Розенова како и цела Источна Латвија била под советска власт. Во јануари 1920 година, Розенова била ослободена од латвиската војска во последната фаза од Латвиската војна за независност.
Откако станала дел од Република Латвија, населбата била преименувана во реката Зилупе. Во меѓувоениот период Зилупе бил важен центар во регионот. Во 1925 година го добил статусот на село, а во 1931 година, градските права. Жителите на Зилупе главно се занимавале со трговија и земјоделство. Во 30-тите години на минатиот век во Зилупе постоела воденица и пилана, како и мала болница и околу 120 продавници.
За време на Втората светска војна, Зилупе бил окупиран од германската војска од 6 јули 1941 година до 18 јули 1944 година и бил администриран како дел од Рајхскомесаријатот Остланд.
По Втората светска војна, неколку големи претпријатија ги отвориле своите подружници во Зилупе. Овие вклучувале работилница за метални обработка, мала фабрика за текстил и пекарница.
Градот е во близина на патот А12, кој по граничниот премин кон Русија се претвора во М9, и двата се дел од европската рута Е22.