Долна Бањица
Долна Бањица | |
Куќи во Долна Бањица | |
Координати 41°47′9″N 20°54′21″E / 41.78583° СГШ; 20.90583° ИГД | |
Општина | Гостивар |
Население | 3.138 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1233 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 539 м |
Долна Бањица на општинската карта Атарот на Долна Бањица во рамките на општината | |
Долна Бањица на Ризницата |
Долна Бањица (турски: Aşağı Banisa) — населба во Гостивар. Се наоѓа во Горен Полог, а до 2004 година била седиште на истоимената Општина Долна Бањица, која била споена со Општина Гостивар. Се наоѓа југозападно од градот Гостивар.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Долна Бањица е населба во склоп на градот Гостивар и припаѓа на неговата урбана зона. Се наоѓа на надморска височина од 543 m, и е една од најмирните населби во градот. До новата територијална поделба Долна Бањица функционирала како посебна општина.
Историја
[уреди | уреди извор]Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Долна Бањица е позната по производството на кромиди и по познатиот Бањички домат јабучар.
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долна Бањица живееле 786 жители, од кои 615 Турци, 155 Македонци и 16 Роми.[3] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долна Бањица имало 120 Македонци, од кои 72 патријаршист и 48 под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Долна Бањица е центар на општина од 4 села во Горнополошиот срез и има 142 куќи со 731 жител, Турци, Македонци и Роми.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 750 Турци и 150 Македонци.[6]
Селото е големо и во 1961 година броело 1.498 жители, од кои 325 биле Македонци, 240 Албанци, 898 Турци, 8 Срби и 27 останати, а во 1994 година бројот се зголемил на 5.408 жители, од кои 1.150 Македонци, 2.810 Турци, 1.236 Албанци, 189 Роми, 14 Срби и девет други.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, населбата имала 4.356 жители, од кои 355 Македонци, 1.524 Албанци, 2.444 Турци, 9 Роми, 1 Србин и 23 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, населбата има население од 3.138 жители, од кои 391 Македонец, 1.166 Албанци, 1.254 Турци, 14 Роми, 1 Србин, 5 останати и 307 лица без податоци.[8]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Долна Бањица:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 1.168 |
1953 | 264 | 939 | 218 | 13 | — | 9 | ... | 2 | — | 1.445 |
1961 | 325 | 240 | 898 | ... | ... | 8 | ... | 27 | — | 1.498 |
1971 | 656 | 729 | 1.074 | — | ... | 15 | ... | 10 | — | 2.484 |
1981 | 1.405 | 1.540 | 1.234 | 136 | — | 27 | ... | 45 | — | 4.387 |
1991 | 1.211 | 147 | 1.252 | 148 | — | 18 | ... | 22 | — | 2.698 |
1994 | 1.150 | 2.810 | 1.236 | 189 | — | 14 | ... | 9 | — | 5.408 |
2002 | 355 | 1.524 | 2.444 | 9 | — | 1 | — | 23 | — | 4.356 |
2021 | 391 | 1.166 | 1.254 | 14 | — | 1 | — | 5 | 307 | 3.138 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
[уреди | уреди извор]Долна Бањица е мултиетничко, автохтонотo турско село заедно со албанско-македонско население, едно од поголемите во Гостиварско, кое веќе претставува населба.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
- Македонци:
- Дамчевци (3 к.) доселени се од Кумановско. Имаат иселеници во Скопје (три семејства) и во Белград (едно семејство).
- Јоановци (6 к.) доселени се од селото Пожаране, таму биле староседелци. Го знаат следното родословие: Јорде (жив на 66 г. во 1940-тите) Тофил-Милче-Јоан, кој се доселил. Имаат иселеници во Беловиште.
- Пандиловци (3 к.), Јовчевци (2 к.) и Милчевци (2 к.) доселени се од поречкото село Бенче. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Софија (две семејства).
- Симуновци (3 к.) доселени се од селото Горна Бањица, каде припаѓале на родот Бибовци.
- Милевци (2 к.) доселени се од селото Козичино, Кичевско.
- Апостоловци (1 к.) доселени се од селото Тајмиште, Кичевско.
- Арцевци (1 к.) доселени се однекаде.
- Турци:
- Коленко (2 к.), Ѓоровци (6 к.) и Чеколар (5 к.) порано зборувале македонски и биле православни, но потоа се потурчиле, доселени се однекаде;
- Љоковци (14 к.), Чуп (8 к.), Зеќировци (4 к.), Ајдаровци (3 к.) и Љушалар (3 к.) наведените родови се од мешано Турско-Албанско потекло и зборувале турски. Биле доселени од денешна Албанија, Мала Азија и од околни полошки села.
- Асановци (3 к.), Бурназлар (7 к.), Бручлари (4 к.), Дервишовци (4 к.), Јонуз Агини (8 к.), Баба Реџини (13 к.), Шеретлери (2 к.), Муса (2 к.) и Меметовци (2 к.) потекнуваат од вистински Турци. Нивните предци се доселиле од Мала Азија. После 1912 година во Турција се иселиле околу 10 семејства.
- Албанци:
- Сељатин (1 к.), Рашит Колар (1 к.), Бише (1 к.), Табак (1 к.), Мимин (1 к.), Шукрија (1 к.), Ибраим (1 к.), Асан Симњица (2 к.), Селман (1 к.), Весел (1 к.), Селим (1 к.), Максут (1 к.) и Асановци (2 к.) најмлади родови во селото. Доселени се од околни полошки села. Право потекло им е од северна Албанија.[9]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постојат избирачките места бр. 510, 510/1, 511, 511/1, 517, 518, 518/1, 519 и 519/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и основното училиште во населба циглана гостивар.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 6.535 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Јусуф Сабит (1957 - 2007) - македонски и турски поет, раскажувач, новинарски дописник
- Икај Јусуф - македонски и турски музичар, прв претставник на Македонија во Турковизија;[12][13]
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 214.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 122-123.
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 25.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Granger, Anthony (November 18, 2013). „Türkvizyon: Ilkay Yusuf To Turkvision“. Eurovoix. Посетено на 2013-11-18.
- ↑ Г.М., З. (December 7, 2013). „ТУРКОВИЗИЈА: Професорот од Гостивар е меѓу фаворитите“. Telegraf.mk. Архивирано од изворникот на 2013-12-10. Посетено на 2013-12-08.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Долна Бањица на Ризницата ?