Ајсфелд
Ајсфелд
Eisfeld | |
Поглед на Ајсфелд | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Хилдбургхаузен |
Градски единици | 7 |
Градоначалник | Свен Грегор (СГ) |
Основни податоци | |
Површина | 86,53 км2 |
Надм. височина | 440 м |
Население | 7.412 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 86 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HBN |
Пошт. бр. | 98673 |
Повик. бр. | 03686 |
Портал | www.stadt-eisfeld.de |
Местоположба на градот Ајсфелд во рамките на округот Хилдбургхаузен | |
Координати | 50°25′0″N 10°55′0″E / 50.41667° СГШ; 10.91667° ИГД |
Ајсфелд (германски: Eisfeld) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на реката Вера, 12 километри источно од окружниот град Хилдбургхаузен и 19 километри северно од градот Кобург.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Градот се наоѓа во округот Хилдбургхаузен, само неколку километри од границата со Баварија, на крајниот југ од Тириншката Шума. Тој се наоѓа на надморска височина од 430 до 530 метри, во горниот тек на реката Вера.
Местото Вафенрод/Хинтерод се наоѓа на 700 метри, близу планината Грендел.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градското подрачје е поделено на седум единици:[2]
- Ајсфелд
- Бокштат-Хербартсвинд
- Харас
- Хајд
- Хиршендорф
- Заксенбрун
- Вафенрод-Хинтерод
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Советот на градот Ајсфелд се состои од 20 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија/Листа | Места | +/– |
EFW | 8 | − 3 |
FWGS | 3 | + 3 |
Левица | 3 | − 1 |
CDU | 3 | ± 0 |
SPD | 2 | ± 0 |
BZH | 1 | + 1 |
На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Ајсфелд е збратимен со следниве градови:
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Градското собрание
-
Замок Ајсфелд
-
Градската црква
-
Пфархаус
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ајсфелд“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
|